fbpx
Таг: бегалци

таг: бегалци

Гинат цивили во хуманитарниот коридор во Мариупол, под рушевините дете починало од дехидратација

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си. Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје. Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси...

Османи: 43 македонски државјани се eвакуираат од Украина, Владата ќе одлучува за прием на бегалци

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посветен за последните актуелности од надворешната политика рече дека од вкупно 120 мапирани граѓани од Македонија, меѓу кои има и дел украински граѓани, 20 граѓани го искористиле апелот и ја напуштиле Украина пред да почне воената инвазија на 24 февруари. Според министерот, по руската агресија 20 граѓани ја напуштиле Украина и...

Досега уништени 211 училишни објекти во Украина, ЕУ очекува 5 милиони бегалци

Министерството за образование и наука на Украина соопшти дека од почетокот на руската инвазија на Украина низ целата земја биле уништени или оштетени 211 училишни објекти, јавува Укринформ. Украинските официјални власти соопштуваат дека нивната војска погодила руски воен брод што пловел во Црното море, како и за уништени над 30 руски хеликоптери во окупирана воздухопловна база во близина на...

Над 1,5 милиони бегалци ја напуштија Украина, градови од регионот Суми пред хуманитарна катастрофа

Руската инвазија врз Украина предизвика над 1,5 милиони бегалци да ја напуштат земјата во странство, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации. Би-би-си го пренесуваат нивното тврдење дека станува збор за најбрзорастечката бегалска криза по Втората светска војна. Над 600.000 бегалци досега примила Полска, а жителите коишто бегаат од војната наоѓаат прибежиште и во Словачка, Романија, Унгарија, Молдавија и други...

ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Украина, најмалку 102 цивили се убиени

Шефот на Аенцијата за бегалци на ОН во понеделникот рече дека повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија минатата недела. More than 500,000 refugees have now fled from Ukraine into neighbouring countries. — Filippo Grandi (@FilippoGrandi) February 28, 2022 Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, овие податоци ги објави својот...

Вонредна состојба во Молдавија и Литванија, Централна Европа се подготвува за бегалци од Украина

Молдавија и Литванија прогласија вонредна состојба на територијата на нивните земји по руската воена инвазија на Украина што започна утрово. Литванскиот јавен радиодифузен сервис објави дека вонредната состојба започнува денеска во 13 часот и ќе трае до 12 март. Литванските власти наведуваат дека ова е неопходно за пофлексибилно да се користат државните резерви и да се засили граничната контрола....

Пендаровски: Конфликтите, тероризмот, пандемијата и нестабилноста ги нарушуваат начините на живот ширум светот

Државите ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци, порача претседателот Стево Пендаровски во неговото денешно обраќање на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при...

Заврши привремениот престој за 27 бегалци од Авганистан, заминаа во Ирска

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, соопшти Владата. Станува збор за луѓе кои во Македонија најдоа засолниште откако ова лето во август избегаа, кога Талибанците ја освоија власта во Авганистан. Тие се граѓани кои работеле за...

Вистиномер: Бегалците од Авганистан наидоа на македонската хуманост и гостопримливост, но и на нетолеранција

На крајот на август, доцна ноќта во нашата држава пристигна првата група од 149 бегалци од Авганистан. Во Скопје стасаа по неколкудневна драма што се случуваше на аеродромот во Кабул откако Талибанците ја преземаа власта во оваа азиска држава. Страотни слики го опколија светот кога и главниот град Кабул падна во рацете Талибанците. Илјадници преплашени лица се најдоа на...

Пристигнаа уште 149 граѓани од Авганистан за кои Македонија обезбедува привремен престој

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства. „Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои...

Вистиномер: Не е точна изјавата на Глен Бек дека САД побарале од македонските власти да не примаат бегалци од Авганистан

Тврдењето на коментаторот и водител од САД, Глен Бек, дека Стејт Депратментот на САД „и кажал на Македонија да прекине со примањето бегалци од Авганистан“ е недвосмислено демантирано од страна на властите во земјава. Подготовките за приемот продолжуваат, а политиката според која бегалците ќе бидат примени во земјава не е сменета и тие се очекуваат набрзо, пишува „Вистиномер“ во...

До крајот на неделава ќе пристигнат 450 Авганистанци за привремено прибежиште

Душко Арсовски Муамет Хоџа фото : Влада на РСМ
Најголемиот дел од 450-те граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат со организирани авионски летови до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул. Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и...

Хелсиншки комитет повикува да не се шират дезинформации за бегалците од Авганистан

Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните. Изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите беа постојано присутни во јавниот дискурс. Иако реалноста целосно ги...

МВР демантира: Прифатниот центар во Гази Баба нема да се користи за бегалците од Авганистан

Министерството за внатрешни работи (МВР) „најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил“. Како што порачаа од МВР, всушност станува збор за преселување на Прифатниот центар за странци во близина на Бардовци. Користениот статус на министерот Спасовски е во...

ЕУобсервер: Случувањата во Авганистан ги вратија стравувањата од мигрантите во Европа

Министрите за надворешни работи од ЕУ ќе се соберат на итен виртуелен состанок денеска за да дискутираат за безбедносната состојба и миграциите, во време кога во Европа се засилуваат стравувањата од нов бран бегалци од Авганистан, откако Талибанците ја презедоа власта врз државата, пишува „ЕУобсервер“. Неколку членки на ЕУ се загрижени дека доаѓањето на власт на Талибанците ќе предизвика реприза...

Зголемен транзитот на илегални мигранти низ Албанија дури и во време на пандемија

Затворањето на границите и изолирањето поради пандемијата не го намалија приливот на илегалните мигранти кои транзитираат низ Албанија кон земјите на ЕУ. Зголемувањето на овој прилив е евидентно од 2019 година наваму и е придружено со зголемување на бројот на лицата коишто направија бизнис од транспортот на мигрантите преку територијата на Албанија, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк. Притоа во обезбедувањето помош...

Српски медиуми раширија лажна вест за 1.000 мигранти во Македонија

На 06 март, српскиот портал Телеграф.рс објави ударна вест со наслов: „Првите мигранти стигнаа во Македонија: Околу 1.000 од нив ја искористија збрката на граница и се провлекоа?“ (Prvi migranti stigli u Makedoniju: Oko 1.000 njih iskoristilo frku na granici i provuklo se?). Ваквата вест ја пренесоа повеќе српски медиуми. Сепак, се потврди дека истата е лажна. Имено, Телеграф.рс во...

Антимигрантски бран: Кои невистини се шират за мигрантите во Србија?

Антимигрантскиот бран е сѐ погласен во Србија. Иако, според последниот извештај на Европската Комисија, Србија доби позитивна оценка кога станува збор за уреденоста на системот на прифат и управување со миграциите, за мигрантите сѐ почесто се зборува во негативен контекст - дека крадат, силуваат и вршат и други кривични дела во Србија. Незадоволството од нивниот престој во Србија се...

Не, Израел не се заканил дека ќе ја наполни Европа со мигранти

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Регионот против дезинформациите: НАТО не е непријател

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформациите и лажните вести „Раскринкавање“ во својот најнов текст пишува за дезинформации проширени во повеќе медиуми, а кои произлегле од „Независне новине“ за наводни присилувања на секс, кражби, продажба на дрога во Прифатниот центар за мигранти и бегалци во Бихаќ, БиХ. Новинарот од „Раскринкавање“ се обидел да ги провери наводите изнесени...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...