fbpx

Ѓорчев: Со стратегијата за бегалци Македонија ќе стане земја за траен престој на мигранти

-

Со новата стратегија на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку станува земја за траен престој на голем број мигранти, бегалци и странци од голем број земји, рече на партиска прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека стратегијата не е привремена и дека во неа има одредби за олеснето добивање државјанство без да се бараат документи од земјата на потекло, што, според него, отвора можност за големи злоупотреби.

– Владата директно, со писмо, и во својот акционен план и во својата стратегија, бара повеќе од 100 локации за почнување на изградба на згради низ цела Македонија. Ако станува збор за привремена работа, зошто тогаш зборуваме за трајно вработување на голем број лица, што е дел од стратегијата за мигранти, бегалци и за странци, а во Република Македонија и понатаму имаме 218.000 луѓе што сè уште бараат работа – рече Ѓорчев, порачувајќи дека во владините политики приоритет треба да бидат граѓаните на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...