fbpx

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

-

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград.

„Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено излевање омраза и ксенофобија кон овие луѓе, а главното оружје се токму лажните вести – од тоа дека на мигрантите им се делат пари, по 10 евра дневно на рака, до тоа дека се потпишуваат договори за нивно трајно населување во Србија“, соопшти комесаријатot.

Српското Министерство за внатрешни работи завчера ја демантираше информацијата објавена на социјалните мрежи, дека група мигранти во центарот на Белград, пред очите на бројни минувачи, силувале 17 годишна девојка, и наведе дека на подрачјето на Белград не е евидентиран таков случај.

Министерството нагласи и дека полицијата, по налог на Вишото јавно обвинителство за високотехнолошки криминал, ќе изврши службени разговори со лицата што овие тврдења ги објавиле на социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...