fbpx

На ден пред истекот на рокот, никој не реагирал на стратегија за бегалците и за мигрантите

-

Министерството за труд и социјална политика до денеска, еден ден пред истекувањето на крајниот рок, сè уште нема добиено ниту еден официјален предлог или реакција за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година, потврдија за „Мета“ од Министерството.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да присуствуваат на јавната собраниска расправа за стратегија и за националниот план. Од партијата наведуваат дека во јавноста има сериозни дилеми, прашања и незадоволство за стратегијата и за акцискиот план за мигранти, бегалци и за странци и оти тоа ќе придонесе за влошување на и онака лошата состојба со невработеноста.
Сепак, партијата своите забелешки ги нема доставено во писмена форма до МТСП, но според извори од Министерството, се очекува утре, пред истекот на рокот, да бидат доставени предлози и забелешки од организации.

Во Собранието денеска Комисијата за труд и социјална политика повторно ќе расправа за предложената стратегија и за националниот план, откако минатата недела седницата беше прекината по бурната реакција на претставничката на невладината организација „Легис“, Јасмина Голубовска. Таа реагираше на должината на воведното обраќање посветено на стратегијата и на акцискиот план, велејќи дека со тоа се троши времето на учесниците во дискусијата.

Рокот за испраќање предлози е до утре (8 август), а тоа може да се направи преку пополнување посебен формулар објавен на веб-страницата на Министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...