fbpx

Жестоката расправа за бегалците ја прекина седницата на собраниската комисија

-

Претседателот на собраниската Комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев, денеска на седницата посветена на предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци за периодот од 2017 до 2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци, упати серија прашања до Министерството за труд и социјала.

Ѓорчев побара одговори од заменик-министерот за труд и социјална политика, Елми Азири, за тоа каков ќе биде ефектот на пазарот на трудот доколку Македонија се отвори за масовен прилив на ниско квалификувана работна рака, дали бегалците и мигрантите ќе добиваат приоритет при делењето на социјални станови, отворени места во градинките, здравствената заштита и други програми за помош кои се предвидени во документите подготвени од Министерството.

– Во акцискиот план предлагате да се воведат политики и модели и да се подготват мерки за локална интеграција на бегалците и на странците на ниво на општините. Посочете ни конкретно на кои општини мислите? Праќате циркуларни барања до сите општини во Македонија, па кажете ни дали ова се однесува на центарот во Визбегово и во Демир Капија, дали се планира проширување на центрите во Гевгелија и во Куманово – праша Ѓорчев.

Заменик-министерот Азири, сепак, не прецизираше во кои општини се планира да се спроведуваат мерките за интеграција на бегалците и на странците.

Претставничката на невладината организација „Легис“, Јасмина Голубовска, бурно реагираше на должината на воведното обраќање посветено на стратегијата и на акцискиот план, велејќи дека со тоа се троши времето на учесниците во дискусијата. По ваквата реакција, дебатата се вжешти, поради што Ѓорчев ја прекина седницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...