Кипарската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 143 мигранти, најверојатно Сиријци, на западот на Кипар, соопштија властите во Никозија.
Полицијата наведе дека меѓу мигрантите има 31 жена и 50 деца. Бродот тргнал од Турција, земјата во која многу Сиријци бараат засолниште од граѓанската војна во својата земја.
Едно лице е осомничено поради сомневање дека вршело криумчарење на луѓе.
Мигрантите ќе бидат префрлени во прифатниот центар во близина на Никозија.
Кипар, која е членка на Европска Унија, се наоѓа на само 100 километри од Сирија, но досега немаше пријавено поголем прилив на бегалци. Со новопристигнатите, од септември 2014 година, на крајбрежјето на овој медитерански остров пристигнале околу 1.100 мигранти.