fbpx
Таг: Бегалски камп

таг: Бегалски камп

Момче пукало во бегалски камп во Германија, повредени две лица

Германската полиција соопшти дека 21-годишно момче пукало од воздушна пушка кон бегалски камп во Западна Германија и притоа повредило две лица. Полесно се повредени петгодишно девојче и 18-годишно момче. Напаѓачот пукал од прозорот на својот стан, кој се наоѓа на третиот кат на зграда оддалечена 40 метри од бегалскиот центар, се наведува во полициското соопштение. Полицајците го пребарале станот на напаѓачот и пронашле...

Тужби и пратенички прашања за владата поради ситуацијата на Идомени

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, бара одговори од владата на Алексис Ципрас за затворената железничка линија Солун - Скопје поради бегалскиот камп кај Идомени. Пругата повеќе од 50 дена не функционира, со што целосно е блокиран патничкиот и товарниот превоз од Солун кон Западна Европа, што им носи големи финансиски загуби на грчките транспортери и извозници. Пратеникот Костас Караманлис, одговорен...

Меркел и Туск пристигнаа во Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Советот на Европската Унија, Доналд Туск, пристигнаа во градот Газијантеп, во близина на границата на Турција со Сирија, за да го видат спроведувањето на договорот помеѓу ЕУ и Турција за бегалсаката криза. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги дочека Меркел и Туск на аеродромот во Газијантеп. Безбедноста е на највиоско ниво, а делегацијата ја напуштила...

Исплашени од инцидентите, бегалците си заминуваат од Идомени

Околу 800 до 1.000 бегалци си заминаа од Идомени во последните 48 часа. Во понеделникот и во вторникот од Идомени заминаа 15 автобуси полни со бегалци, а во кампот и понатаму доаѓаат автобуси подготвени да ги пренесат бегалци до организираните центри. Исплашени од насилството во неделата, бегалците кои се главно дојдени со семејства по повеќе од два месеци во Идомени одлучија...

Анџелина Џоли денеска ќе го посети кампот кај Идомени

Холивудската актерка и амбасадор на добра волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат повеќе од 10.000 бегалци. Џоли се очекува да пристигне во кампот околу 15 часот по локално време. Првично се очекуваше таа да оди во посета на островот Лезбос, каде има најголем...

На Идомени 10.000 бегалци чекаат да влезат во Македонија

Повеќе од 10.000 бегалци во неизвесност чекаат во кампот Идомени да бидат пропуштени од Грција во Македонија. Бројката секојдневно се зголемува за 1.000 до 2.000 бегалци. Затворената порта од македонска страна не ги обесхрабрува бегалците, кои во огромни бројки секојдневно пристигаат на грчките острови, а оттаму заминуваат за Атина и потоа кон Идомени. Условите во бегалскиот камп од ден на ден се сè поочајни....

Ципрас се заканува со вето во Брисел поради бегалската криза

Грција продолжува да тоне под напливот бегалци. Бројката на бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан продолжува секојдневно да се зголемува. Низ сите центри за мигранти, бегалскиот камп на Идомени, неформалниот камп кај Поликастро, но и покрај автопатот кај Ламиа и ред други делници низ државата, голем број автобуси со бегалци чекаат да видат дали ќе успеат да бидат пренесени до Идомени,...

Германија и Австрија планираат затворање на македонската граница и „мегакампови“ за бегалците

Германија и Австрија, во соработка со македонската и со грчката влада, развиваат план да ја затворат македонско-грчката граница за бегалци, јавува агенцијата „Спутник“, пренесувајќи информации на германскиот весник „Билд“. Според германскиот весник, експерти од Виена, Брисел и од Берлин сакаат да ја затворат границата и да ја опремат со систем за надгледување. Истовремено, зголемениот број на претставници на Агенцијата за контрола на...

Народниот правобранител реагира на третманот кон бегалците

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска изрази загриженост дека повеќе од 1.500 бегалци вчера во прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија, цел ден и цела ноќ ја поминале на отворено. Причина за нехуманиот третман на бегалците, како што наведува Мемети, е затворање на двата големи монтажни шатори, како и блокирањето на железничката пруга од такси-возила. Народниот правобранител смета дека институциите надлежни за справување со...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...