fbpx

Меркел и Туск пристигнаа во Турција

-

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Советот на Европската Унија, Доналд Туск, пристигнаа во градот Газијантеп, во близина на границата на Турција со Сирија, за да го видат спроведувањето на договорот помеѓу ЕУ и Турција за бегалсаката криза.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги дочека Меркел и Туск на аеродромот во Газијантеп.

Безбедноста е на највиоско ниво, а делегацијата ја напуштила пистата во автобус со двајца снајперисти на кровот на возилото.

Како што е планирано, делегацијата веднаш ќе замине во бегалскиот камп во Низипу, во близина на границата со Сирија, каде што ќе разговараат со некои од 5.000 бегалци сместени во кампот.

Тие ќе го посетат и детскиот центар финансиран од страна на ЕУ, во кој сириските деца добиваат психолошка поддршка.

Европските лидери по обиколката на бегалците, ќе имаат средба зад затворени врати и на крајот ќе имаат заедничка прес-конференција со турскиот премиер Давутоглу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...