fbpx
Таг: аукција

таг: аукција

Четири грчки телевизии платија вкупно 246 милиони евра за национални ТВ-концесии

Грчкиот државен буџет се зголеми за 246 милиони евра од четирите национални телевизиски концесии што ги додели грчката влада. По маратонска аукција за концесиите од 65 часа, временски период во кој во просториите на Генералниот секретаријат за медиуми во Атина беа затворени под клуч сопствениците и консултантите на осум медиумски куќи, рано утринава грчката влада ги објави имињата на четворицата победници...

Осум грчки телевизии се борат за четири национални ТВ-концесии

Грчката влада денеска го почна процесот за поголема контрола на медиумскиот простор, преку отворање аукција за само четири национални концесии за грчките телевизии. За четирите концесии од денеска во најголема тајност ќе се борат осум големи телевизиски куќи, под силно полициско обезбедување во Генералниот секретаријат за медиуми. Аукцијата се очекува да трае неколку дена, поради што во Генералниот секретаријат се поставени...

Ново задолжување од 5,4 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска кај домашните кредитори ќе се задолжи за 5,4 милиони евра, преку аукција на државни хартии од вредност. Ќе бидат понудени тримесечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи, како и обврзници на 10 и на 15 години. Првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45 проценти од домашниот бруто-производ.  

СДСМ: На аукцијата на државни записи мал одзив од банките

„Министерството за финансии, на чело со новиот министер Кирил Миноски и со согласност од гувернерот Димитар Богов, го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните. Според информациите, постои резервираност на банките на денешната аукција на државни хартии од вредност“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека Министерството за финансии...

Ново задолжување на државата од 12,6 милиони евра

Државата ќе се задолжи 12,6 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност, со рок на доспевање од три месеци, една година и од петнаесет години. Во првиот квартал јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, односно 45 проценти од домашниот бруто-производ.

Државата ќе се задолжи со нови 11,5 милиони евра

Државата ќе позајми нови 11,5 милиони евра од домашните кредитори на денешната аукција на државни обврзници. Парите ќе ги обезбеди преку тримесечни и шестмесечни записи и една 15-годишна обврзница. Во првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра.

Државата ќе се задолжи со нови 59,2 милиони евра

Државата денеска планира да се задолжи со 59,2 милиони евра од домашните кредитори преку аукции на шестмесечни и 12 месечни записи, но и на една 10 годишна обврзница. Утре, треба да се вратат 59,3 милиони евра по основ на доспеани долгови. Јавниот долг надминува 4 милијарди евра.

Наумов: Министерот за финансии и гувернерот ги подгреваат шпекулациите

„Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денеска објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9,4 милиони евра, од кои 8,1 милиони евра се побаруваат преку тримесечни државни записи со евро-клаузула и со зголемена каматна стапка“, се вели во соопштението на дополнителниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Средствата од ДХВ се за финансирање на редовните расходи од буџетот

„Уште во 2003 година, тогашниот министер за финансии има донесено стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, во која се вели дека државните хартии од вредност (ДХВ) ќе ѝ помагаат на Владата за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит, и истовремено за...

Наумов: Клиентите на домашниот пазар полека креваат сопирачка

„Банките кои заклучно со март 2016 година се сопственици на 46,46 отсто од недостасаните државни хартии од вредност полека ја креваат сопирачката. На денешната аукција на државни записи и обврзници, Министерството за финансии не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26 април 2016 година. Станува јасно зошто каматите беа зголемени за повеќе од 60 отсто...

Наумов: Не сум потпишал ниту една одлука во Министерство за финансии

„Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и за потпис. Исто така, потсетувам дека пред Управниот суд во тек е постапка по тужба поднесена од моја страна, а во врска со задолжувањата на домашниот пазар на капитал“, вели во соопштението претседателот на комисијата за финансии...

Наумов: Ниту една одлука донесена од Ставрески не ми е доставена на потпис

„Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и за потпис. Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност и за сите наредни аукции, а се разбира и за веќе завршените, оваа информација сметам дека треба да ја имаат предвид сите домашни кредитори“, информира...

Државата се задолжи 5,3 милиони евра

На денешната аукција на хартии од вредност, државата се задолжи 5,3 милиони евра наместо колку што првично побара, 7,8 милиони евра. Врз основа на доспеани долгови, Министерството за финансии утре треба да врати 5,1 милиони евра во стопанството, а за една седмица на истата основа за враќање доспеваат повеќе од 2,7 милиони евра. Следната аукција ќе се одржи на осми март.

Наумов: Самоволното задолжување мора да престане за доброто на државата

И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг за нето-износ од речиси 10 милиони евра - се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, со петте одржани аукции, направен е нов нето-долг од 56 милиони...

Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 3,6 милиони евра кај домашните кредитори. Вчера, дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи денеска. Од почетокот на годината се одржани четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што...

Наумов: Неконтролираното задолжување во предизборниот период мора да престане

„Со денешната аукција на државни хартии од вредност, јавниот долг достигна нов рекорден износ. Долгот што треба да го враќаат граѓаните сега изнесува речиси 4 милијарди и 300 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за денешната аукција на државни хартии од вредност. Наумов додава дека „со само четири одржани аукции на државни хартии од...

Државата денеска ќе се задолжи 7 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 7,07 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност. Министерството за финансии ја откажа аукцијата на државни записи на 2 февруари, на која требаше да побара 813.000 евра од домашните кредитори. Дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупреди дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран...

Изборите го омекнаа непопустливиот Груевски

За кратко време поранешниот премиер Никола Груевски и Владата повлекоа неколку потези што беа незамисливи пред една година. Во изминатите месеци тој направи повеќе отстапки отколку за сите девет години колку што е на власт и почна да повлекува некои веќе објавени одлуки само затоа што во меѓувреме имало реакции на граѓаните. Груевски неодамна ги изговори и зборовите што дотогаш никој...

Наумов: Потребна е одговорност за пропустите во процедурите при задолжувањата

Дополнителниот заменик-минитер за финансии, Кире Наумов, денеска повика на одговорност за „пропустите во процедурите при задолжувањата“. Во соопштение се наведува дека по вчерашното откажување на аукцијата, денеска е закажана нова за 9 февруари 2016 година. Според него, тоа е направено по двојното прекршување на постапката за закажување аукции на државни хартии од вредност, во согласност со правилникот за начинот и за...

Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи

Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи, на која требаше да побара 813.000 евра од домашните кредитори. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, вчера најави дека ќе поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен, со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата поради прекршување на постапката од министерот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...