fbpx

Наумов: Неконтролираното задолжување во предизборниот период мора да престане

-

„Со денешната аукција на државни хартии од вредност, јавниот долг достигна нов рекорден износ. Долгот што треба да го враќаат граѓаните сега изнесува речиси 4 милијарди и 300 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за денешната аукција на државни хартии од вредност.

Наумов додава дека „со само четири одржани аукции на државни хартии од вредност, повеќе од 15 проценти од дефицитот за 2016 година е веќе реализиран“.

– На денешната аукција министерот Ставрески запиша 15.627 милиони евра, а за враќање доспеваа само 7,07 милиони евра, односно запиша 8,56 милиони евра нов нето-долг. И каматните стапки на дел од запишаните хартии од вредност се повисоки од претходно одржаните аукции. Министерот Ставрески за незаконски закажаната аукција од минатата недела, наместо да одговори на моето писмено барање и да ја достави целокупната документација, одговорноста ја префрли на Секторот за меѓународни финансиски односи и за управување со јавен долг – се вели во соопштението од кабинетот на Наумов.

Тој го повика Управниот суд на РМ да се произнесе по тужбата што ја поднел на 22 декември 2015 година, против одлуката на Државната изборна комисија.

– Ова неконтролирано задолжување на товар на граѓаните и на идните генерации, единствено во функција на предизборниот период, мора да престане – се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...