fbpx
Таг: аукција

таг: аукција

Наумов: Министерот за финансии ја прекрши постапката за утрешната аукција

Министерот Ставрески на 29 јануари, соочен со рекордниот износ на јавниот долг од 4,224 милијарди евра, свесен за состојбата на државната каса, ги прекрши Законот за јавен долг и подзаконските акти што ги регулираат начинот и постапката за издавање и за исплата на државни хартии од вредност, реагира дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во врска со закажаната аукција на домашни хартии од...

Продадени плацеви за хотел и за викендички во Кочани

Хотел со површина од близу 6.000 квадратни метри ќе се гради во Кочани, откако денеска на електронска аукција беше купен плац по цена од 313 денари за еден квадратен метар. Плацот за хотелот е еден од 49-те парцели државно земјиште понудени за продажба од Општината Кочани. Денеска беа продадени 31 плац, при што Општината треба да инкасира 95.500 евра. Општината соопшти...

СДСМ: Банките не веруваат во погрешните економски политики на Груевски

Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Македонија не веруваат во Никола Груевски и во неговите погрешни економски политики, реагираат од СДСМ. „Иако беа понудени државни хартии од вредност од 100 милиони евра, реализирани се околу 72,5 милиони евра. Интересот на банките, пензиските фондови и на осигурителните друштва...

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин продадени за 1,2 милиони долари

Ретки цртежи на стрип-јунакот Тинтин, дело на белгискиот автор Ерже, биле продадени на аукција во Хонг Конг за 9,6 милиони хонгконгшки долари, односно за 1,2 милиони американски долари, пренесува „Би-Би-Си“. Цртежите на белгискиот стрип-автор се од неговата книга „Синиот лотус“, чие дејство е сместено во кинескиот град Шангај. Од француската аукциска куќа „Арткуриал“ (Artcurial) изјавиле дека станува збор за единствен оригинален...

„Жените од Алжир“ на Пикасо е продадена за 180 милиони долари

Маслото на платно на Пабло Пикасо од 1955 година беше продадено во аукциската куќа „Кристи" за 179.400.000 долари, што стана најскапото уметничко дело што некогаш е продадено на аукција. „Кристи“ претходно проценуваше дека сликата „Жените од Алжир“/ верзија на О / дека ќе се продаде за 140 милиони долари, но повеќе понудувачи по телефон понудиле 160 милиони, за крајната цена...

Продал „комодоре 65“ за 20.000 евра

Колекционерите на стари компјутери знаат дека најбараната „старудија“ е „епл 1“, но во чекор го следи и вистинскиот раритет – „комодоре 65“. Се смета дека денеска постојат околу 200 „комодоре 65“, познати и под називот „commodore 64DX“, а овој прототип која настанал во 1990 година требало да биде последниот голем осумбитен систем. Така барем смета Брајан Бенхоф, кој оригиналот го...

Бел тартуф продаден за 61.250 долари

Огромен бел тартуф од Италија, за кој се тврди дека е најголемиот на свет, вчера е продаден на аукција во Њујорк за 61.250 долари, соопшти аукциската куќа „Стебис“. Тартуфот, тежок 1,89 килограм, го купил купувач кој телефонски учествувал во наддавањето. Белите тартуфи се едни од најскапите деликатеси на светот.

Слика на Хитлер продадена за 130.000 евра

Сликата на Хитлер која се продаде за 130 000 евра
Акварел насликан од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден за 130.000 евра на аукција во Нирнберг, Германија. Сликата, која ја насликал младиот Хитлер во 1914 година, ја купил анонимен купувач од Блискиот Исток, потврдуваат од аукциската куќа „Вејдлер“. Уметничкото дело било сопственост на две сестри откако нивниот дедо ја купил во 1916 година. Тие ќе донираат 10 отсто од заработката на...

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на црквата, Ѓорѓи Вуков, сребрената лопата...

Слики на Ворхол продадени за 150 милиони долари

Две познати слики на Енди Ворхол се продадени за астрономски цени, соопшти аукциската куќа „Кристи“. Во соопштението се наведува дека „Трипл Елвис (Ферус Тајп)“ достигна цифра од 81,9 милиони долари, додека „Фор Марлонс“ 69,6 милиони долари. На споменатата аукција, која се одржа на 12 ноември, биле понудени околку 80 дела од уметници, а вкупната заработувачка изнесува 856 милиони долари, што е...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...