среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: аукција | 52 резултати

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

јануари 18, 2023

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот „@“ веќе чини над 4.300 долари. Продажбата на предметите доаѓа […]

Уметничката слика на Ротко е продадена пред 7 години и нема поврзаност со Украина

ноември 30, 2022

Сликата „Без наслов (жолто и сино)“ е на авторот Марк Ротко, изработена во 1954 година. Вистина е дека била продадена за 46,5 милиони долари, но во мај 2015 година, а не сега. Па иако аукцијата се случила пред седум години, сепак сега во 2022 година таа повторно се актуелизира со цел  да се манипулира на […]

Лажно видео се шири по интернет за продажба на руска уметност за помош на Украина

октомври 28, 2022

Европската телевизиска мрежа Јуроњуз информира дека деновиве на интернет кружи лажно видео, кое се прикажува всушност како извештај на Јуроњуз, при што се злоупотребува фонтот, графиката и знакот на Јуроњуз без дозвола, а е поврзано со војната во Украина, пишува Јуроњуз. Темата на лажното видео е наводна уникатна аукција на руски уметнички дела, при што […]

Нобеловиот медал на Муратов се продаде за 103 милиони долари, сите пари се за украинските деца

јуни 21, 2022

Рускиот нобеловец и главен и одговорен уредник на независниот весник „Новаја Газета“, Дмитри Муратов, го продаде на аукција во Њујорк медалот кој се доделува со Нобеловата награда. Собра неверојатни 103,5 милиони американски долари, јави Би-Би-Си. Аукциската куќа „Херитиџ“ не соопшти кој е човекот или правното лице што ја дало победничката понуда на аукцијата. Парите ќе […]

„Калуш оркестра“ го продаде евровизискиот трофеј за 900.000 долари за донации кон украинската војска

мај 30, 2022

Украинскиот бенд „Калуш Оркестра“ преку аукција објавена на Фејсбук го продаде победничкиот евровизиски трофеј со цел да набави средства за донација кон украинската воена армија, јавува Укринформ. Цената на кристалниот микрофон беше проценета на 900.000 долари, коишто ќе бидат искористени за набавка на три „PD-2“ дронови за украинската војска. „Благодариме на сите што дониравте, а […]

Портретот на Мерлин Монро од Ворхол се продаде за 195 милиони долари

мај 10, 2022

Едно од најпознатите дела на големиот и водечки поп-арт уметник, Енди Ворхол, портретот на холивудската актерка Мерлин Монро, вчера во Њујорк се продаде за рекордни 195 милиони американски долари за помалку од четири минути откако беше ставено на аукција, пишува лондонскиот весник Гардијан. Портретот е печатен на свилен екран во 1964 година, две години по […]

„Супер Марио 64“ стана најскапата игра на светот

јули 13, 2021

Запечатена копија на видео-играта „Супер Марио 64“ е продадена на аукција за над 1,5 милиони американски долари, рушејќи ги сите досегашни рекорди, пишува „Би-би-си“. Оваа игра од 1996 година наменета за конзолата „Нинтендо 64“ е првата видео-игра која е продадена за повеќе од еден милион долари. Касетата со играта „Супер Марио“ била оценета со рејтинг […]

ЕЛЕМ ќе продава планирани вишоци струја

април 26, 2018

Државниот производител на струја објави дека следната седмица на аукција ќе понуди вкупно 102.720 мегаватчасови електрична енергија, кои ќе може да ги испорача во јуни, јули и август годинава. На аукцијата ќе учествуваат лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори. „Продажбата на вишоци на електрична енергија, која […]

Заинтересираните за купување на „мерцедесот“ од „бомбите“, може да го разгледаат на 7 март

февруари 28, 2018

Сите кои се заинтересирани да го купат „мерцедесот“ С600 кој е во сопственост на државата, можат да го разгледаат на 7 март (среда) од 10 до 15 часот во гаражата на Македонска радио-телевизија, информираа денеска од Службата за општи и заеднички работи на Владата. Почетната проценета вредност на овој автомобил, попознат како „она на М“ […]

Државата денеска се задолжи 71,6 милиони евра, утре треба да враќа 66,9 милиони

октомври 31, 2017

Министерството за финансии денеска издало државни обврзници во вкупна вредност од 71,58 милиони евра, а најголемиот дел од вака добиените пари ќе ги потроши утре за враќање на 66,88 милиони евра земени преку претходно издадени државни хартии од вредност. Како што соопшти Министерството, издадени биле едногодишни денарски обврзници, во вредност од речиси 49 милиони евра, […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја скандализира аукцијата на хартии од вредност

јануари 24, 2017

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по секоја цена се обидува да скандализира вообичаена аукција на хартии од вредност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со денешната аукција на хартии од вредност. „Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање хаос и сеење магла се научени да […]

Министерството за финансии со аукциите ќе го пополнува годинашниот буџетски дефицит

јануари 24, 2017

Разликата од она што денеска е повлечено на аукцијата на државни хартии од вредност и она што утре ќе биде вратено во стопанството врз основа на државни хартии од вредност доспеани за враќање, ќе се искористи за финансирање на буџетскиот дефицит, предвиден со буџетот за 2017 година, се вели во реакцијата на Министерството за финанисии на […]

СДСМ: Власта во заминување за утре планира нови милионски долгови

јануари 9, 2017

Владата во заминување сака утре да ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе од обврските што се стигнати за враќање оваа недела, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека Министерството за финансии, според најавената аукција, утре ќе побара 31,7 милиони евра, а за враќање се доспеани 15,8 милиони евра. – Бараме од […]

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

октомври 18, 2016

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за […]

Нова драма со телевизиските концесии во Грција

септември 26, 2016

Четирите медиумски куќи што обезбедија национални телевизиски концесии во Грција денеска мора да ја исплатат првата рата за концесиите. Парите веќе ги доставија телевизијата „Скај“, бизнисменот Вангелис Маринакис и телевизијата „Антена“. Телевизијата „Скај“ исплати 145 милиони евра, Маринакис – 24,6 милиони евра и „Антена“ 25,3 милиони евра.  Се чека уште бизнисменот Владимир Калогрицас кој до крајот на денот […]

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

септември 13, 2016

„Денешното соопштение од Министерството за финансии дека, наводно, се откажале од ново задолжување, е срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството. Вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори“, […]

Ново задолжување од 28,94 милиони евра

септември 6, 2016

Државата денеска повторно ќе се задолжи со 28,94 милиони евра. На аукцијата на државни хартии од вредност ќе бидат понудени шестмесечни записи со девизна клаузула во вредност од 3,74 милиони евра и шестмесечни записи без девизна клаузула за 8,13 милиони евра. Пред домашните кредитори ќе бидат понудени и едногодишни записи за 17,07 милиони евра. Утре […]

Виси на конец судбината на повеќе од 1.800 вработени во грчките телевизии

септември 4, 2016

Повеќе од 1.800 новинари, техничари и вработени во грчките телевизии може да останат на улица поради новите измени во грчкиот телевизиски простор. Судбината на телевизиите што не успеаја да обезбедат национални телевизиски концесии, виси во воздух и илјадници новинари не знаат што ќе се случува со нив откако ќе поминат трите месеци неопходни за да се спроведат […]

Четири грчки телевизии платија вкупно 246 милиони евра за национални ТВ-концесии

септември 2, 2016

Грчкиот државен буџет се зголеми за 246 милиони евра од четирите национални телевизиски концесии што ги додели грчката влада. По маратонска аукција за концесиите од 65 часа, временски период во кој во просториите на Генералниот секретаријат за медиуми во Атина беа затворени под клуч сопствениците и консултантите на осум медиумски куќи, рано утринава грчката влада ги објави […]

Осум грчки телевизии се борат за четири национални ТВ-концесии

август 30, 2016

Грчката влада денеска го почна процесот за поголема контрола на медиумскиот простор, преку отворање аукција за само четири национални концесии за грчките телевизии. За четирите концесии од денеска во најголема тајност ќе се борат осум големи телевизиски куќи, под силно полициско обезбедување во Генералниот секретаријат за медиуми. Аукцијата се очекува да трае неколку дена, поради што […]

Страна 1 од 3