fbpx

Осум грчки телевизии се борат за четири национални ТВ-концесии

-

Грчката влада денеска го почна процесот за поголема контрола на медиумскиот простор, преку отворање аукција за само четири национални концесии за грчките телевизии. За четирите концесии од денеска во најголема тајност ќе се борат осум големи телевизиски куќи, под силно полициско обезбедување во Генералниот секретаријат за медиуми.

Аукцијата се очекува да трае неколку дена, поради што во Генералниот секретаријат се поставени кревети, целиот простор е прилагоден во него да може да се живее неколку дена, а обезбеден ќе биде и посебна услуга за учесниците во процесот. Во секретаријатот од изутринава со куфери пристигнаа советници и претставници на осумте кандидати, меѓу кои и познати бизнисмени.

Агонијата е огромна за сите новинари кои се вработени во приватните телевизии бидејќи неизвесно е дали медиумот во кој се вработени ќе продолжи да постои и каква ќе биде нивната иднина доколку телевизијата не добие национална концесија. Под знак прашалник е иднината на огромен број новинари од познатата телевизија „Мега“, која не успеа да влезе ни во тесниот круг од осум кандидати. Неколкумина владини функционери најавија дека е можно да се доделат и друг тип дозволи за телевизиите, но засега е неизвесно какви ќе бидат тие и за каков тип медиуми.

Во медиумската бранша се коментира дека процесот е потценувачки и професионалците прашуваат зошто мора да се плати за да добијат дозвола да ја информираат јавноста. Оценките се дека целиот процес наликува на спектакл и реално шоу како „Големиот брат“, бидејќи претставниците се заклучени во Генералниот секретаријат во тајност, немаат пристап до мобилни телефони и до лични компјутери, а за време на целиот процес додека не се доделат концесиите, нема да има никакви информации во јавноста. Кандидатите ќе имаат пристап само до компјутерите со софтвер за наддавање на аукцијата.

Почетната цена за концесијата почнува од 3 милиони евра и како што ќе почне наддавањето, ќе се зголемува за 500.000 евра.

Грчката влада коментира дека со доделувањето национални концесии ќе се воведе ред и поголема објективност во грчкиот медиумски простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...