fbpx
Таг: Алексис Ципрас

таг: Алексис Ципрас

Почна средбата Ципрас – Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава допатува во посета на Брисел и на почетокот на посетата, се сретна со претседателот на Европската комисија, Жн Клод Јункер. Се очекува главна тема на денешните разговори да биде најавата Грција да ги прекине преговорите со „тројката“, која ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, и да се запре програмата за...

Владата на Ципрас во лов на големи даночни затајувачи

Грчката влада се впушта во итен лов по даночните затајувачи за да се покрие дупката од една милијарда евра во грчката државна каса. Први на удар на истрагата на Службата за финансиски криминал и перење пари (СДОЕ) ќе се најдат „крупни ѕверки“, правни и физички лица кои во изминатиот период изнеле суми поголеми од еден милион евра надвор од Грција. Според информациите,...

Ципрас: Еврозоната без Грција или Кипар значи ампутација на Југоисточна Европа

Излегувањето на Грција од еврозоната би било „ампутација на Југоисточна Европа“, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека неговата влада ја зајакнува дипломатската акција насочена кон склучување нов договор за грчкиот долг. Ципрас изјавата ја даде во Кипар, каде разговараше со претседателот Никос Анастасиадис, пред да отпатува за Рим, Париз и за Брисел, каде неделава ќе се обиде да добие...

Претседателот на Европскиот парламент на итна средба со Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, што е прва посета на претставник на ЕУ откако Грција доби нова влада. Покрај Шулц, кој беше првиот претставник од Брисел што му ја честиташе победата на Ципрас, во Атина доаѓа и претседателот на групата министри за финансии на еврозоната, Јерун Дејселблум. Во пресрет на...

Самарас не му оставил ни тоалетна хартија ни вифи-лозинка на Ципрас

Новиот премиер на Грција, Алексис Џипрас, синоќа при пристигнувањето во својата нова официјална резиденција се шокирал кога забележал дека администрацијата во заминување со себе ги зела компјутерите, документите, па дури и средствата за хигиена, пишува британскиот весник „Гардијан“. - Тие собрале сè. Ми требаше еден час за да најдам сапун - рече Ципрас. Традиционално, поразениот грчки премиер останува во резиденцијата до...

Победата на СИРИЗА не ги плаши членките на ЕУ

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за економија и за финансии на еврозоната, само еден ден по грчките избори, чиј исход е една од главните теми. По убедливата победа на СИРИЗА и најавите дека ова сценарио може негативно да влијае на еврозоната и на Европска Унија, министрите за економија и за финансии на еврогрупата и европските претставници од Европската...

Прв гаф: Ципрас бегал од часови по митологија!

Новоизбраниот грчки лидер Алексис Ципрас во својот победнички говор синоќа направи гаф, споменувајќи ја приказната за пророчицата Касандра од грчката митологија, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. - Пријатели, новата грчка влада ќе им докаже на сите „касандри“ во светот дека грешат. Нема да има заемни деструктивни судири... Имаме одлична можност за нов почеток – рече Ципрас. Главниот проблем е во тоа...

СИРИЗА веднаш ги потврди црвените грчки линии за името

СИРИЗА одлучи да ја сподели историската шанса за левицата да владее со Грција со екстремно десничарската партија Независни Грци. Иако овој политички брак беше очекуван и најавуван поради истите ставови против поликата за штедење на СИРИЗА и на Независни Грци, сепак покрена голем број прашања и дилеми. Сепак, двете партии веднаш се согласија околу прашањето на името. По изјавата на Теренс...

Ципрас за името: Самарас направи историска грешка

Алексис Ципрас го обвини премиерот Андонис Самарас дека поради неговите ставови како министер за надворешни работи, Грција е заглавена 20 години во спорот за името. Првиот човек на најпопуларната грчка левичарска партија, во интервју за емисијата „Во прво лице“, на телевизијата „Стар“, истакна дека доколку грчките политичари пред две децении ги послушале советите на СИРИЗА, спорот ќе бил решен и тоа...

Самарас го напаѓа Ципрас со спорот за името

Грчкиот премиер Андонис Самарас го употреби и спорот за името како оружје за напад во предизборната пресметка со СИРИЗА. Во дел од неговата колумна за неделникот „Риал њуз“, Самарас индиректно упатува апел до десничарските пратеници да не гласаат за партија што би дозволила соседната држава да го користи името Македонија. „Оние кои лобираа за „заштита на нашите национални прашања“ и за „безбедноста на...

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...