fbpx

Ципрас: Еврозоната без Грција или Кипар значи ампутација на Југоисточна Европа

-

Излегувањето на Грција од еврозоната би било „ампутација на Југоисточна Европа“, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека неговата влада ја зајакнува дипломатската акција насочена кон склучување нов договор за грчкиот долг.

Ципрас изјавата ја даде во Кипар, каде разговараше со претседателот Никос Анастасиадис, пред да отпатува за Рим, Париз и за Брисел, каде неделава ќе се обиде да добие поддршка за својот нов економски план.

– Еврозоната без Грција или Кипар значи ампутација на Југоисточна Европа – рече Ципрас.

За разлика од новоизбраниот грчки левичарски премиер, кој им се противи на меѓународните кредитори, ги отфрла мерките за штедење и сака повторно да преговара за отплатата на долгот, кипарскиот претседател мака мачи за да ги исполни условите кои меѓународните кредитори му ги поставија.

Во согласност со програмата за помош, за која се договараа Кипар и меѓународната заедница, големите депонентни банки, Банката на Кипар и Лаики, беа присилени да претрпат значителни загуби, како услов земјата да го добие пакетот помош од десет милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...