Прв гаф: Ципрас бегал од часови по митологија!

-

Новоизбраниот грчки лидер Алексис Ципрас во својот победнички говор синоќа направи гаф, споменувајќи ја приказната за пророчицата Касандра од грчката митологија, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.

– Пријатели, новата грчка влада ќе им докаже на сите „касандри“ во светот дека грешат. Нема да има заемни деструктивни судири… Имаме одлична можност за нов почеток – рече Ципрас.

Главниот проблем е во тоа што пророчицата Касандра секогаш точно ја предвидувала иднината.

Лидерот на СИРИЗА, споменувајќи ја Касандра, пишува „Гардијан“, сакал да каже дека политичарите и главните банкари направиле голема грешка кога предвиделе дека победата на неговата партија на изборите ќе значи крај на Грција, на еврото и на светската економска политика каква што сега ја познаваме.

Според грчката митологија, богот Аполон, обидувајќи се да ја заведе убавата Касандра, ѝ подарил моќ да ја предвидува иднината, но откако таа го одбила, тој ја проколнал никој да не ѝ верува на предвидувањата (а тие да се остваруваат). Пророчицата го предвидела и падот на Троја, но ниту тројанскиот крал не ѝ поверувал на предвидувањата, кои подоцна се покажале како вистинити.

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во земјата и...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во...