fbpx

Владата на Ципрас во лов на големи даночни затајувачи

-

Грчката влада се впушта во итен лов по даночните затајувачи за да се покрие дупката од една милијарда евра во грчката државна каса. Први на удар на истрагата на Службата за финансиски криминал и перење пари (СДОЕ) ќе се најдат „крупни ѕверки“, правни и физички лица кои во изминатиот период изнеле суми поголеми од еден милион евра надвор од Грција. Според информациите, во периодот од 9 декември 2014 до 23 јануари годинава од Грција во странство се одлеале повеќе од 15 милијарди евра.

Како што пренесува грчкиот весник „Етнос“, Министерството за финансии, под палка на заменик-министерката Надиа Валавани, издаде налог до СДОЕ да се прочешлаат сметките и даночните пријави на даночни обврзници кои имаат контрадикторни сметки и даночни пријави, односно имаат високи банкарски сметки, без при тоа да имаат оправдување и покритие за нив од даночната пријава за годишните приходи, како и даночни обврзници со офшор-компании. Со ова се влегува во лов на големите даночни затајувачи, кои се сметаат за голема рана на грчката економија, група граѓани кои СИРИЗА вети дека ќе ги казни наместо да ги толерира како што се правело досега, за да го оттргне товарот од даночни казнувања и отежнувања само врз граѓаните со просечни и со ниски месечни примања.

Покрај деталното испитување на ваквиот профил на правни и на физички лица, се планира и креирање листа на даночни обврзници по терк на старата листа на околу 54.000 грчки граѓани кои во периодот од 2009-2011 година изнеле повеќе од 22 милијарди евра од грчки во странски банки.

Владата на експремиерот Јоргос Папандреу на почетокот на кризата извади листи на срамот со големи даночни затајувачи, а испитувањето на нивните активности го правеше дури и со хеликоптери, кои беа задолжени од воздух да испитаат дали пријавениот имот на крупните бизнис-ѕверки во државата е ист како оној што е пријавен во даночната пријава.

Ваквата акција е, главно, со цел да се најдат пари за државната каса од големите должници за да се покрие дупката од една милијарда евра направена во јануари поради послабото плаќање од даночните обврзници и послаба работа на даночните контролори, генерално поради предизборната клима во која се најде државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...