fbpx
Таг: 2020

таг: 2020

Свежиот и разладениот зеленчук во јули поевтиниле за 21,3 отсто

Свежиот и разладениот зеленчук (освен компирите и другите коренести плодови) во јули годинава поевтиниле за 21,3 отсто во споредба со претходниот месец, или како што објави денеска Државниот завод за статистика, за толкав процент имало намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со јуни. Воедно, минимален пад на цените, односно на индексот на трошоците...

За 4,4 отсто помалку вработени во индустријата во првите четири месеци од годинава

Кризата во економијата што настана поради корона вирусот предизвика и намалување на бројот на работниците во индустријата. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во споредба со истиот месец лани, изнесува 94,8 или бележи намалување од 5,2 отсто. За првите четири месеци од 2020 година е регистриран помал број...

Просечната плата во мај пораснала за 4,4 отсто во однос на истиот месец лани

И покрај пандемијата со ковид-19 која трае веќе петти месец, во која некои вработени или останаа без работа или примаат намалена месечна плата, Државниот завод за статистика (ДЗС) евидентира дека во мај годинава просечната плата се зголемила за 4,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека, во првите 5 месеци од годинава платата е поголема за 8,2...

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За разлика од минатата година, кога во мај имало 98.998 туристи, годинава во...

ДЗС: Во јуни овошјето поскапело за 13,6 отсто во однос на мај

Трошоците на живот и цените на мало во јуни 2020 година во однос на мај се зголемени за 0,8 отсто, додека споредено со јуни 2019 година трошоците на живот бележат раст од 1,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите во минатиот месец, во споредба со мај 2020 година, имало кај свежото и разладеното овошје за...

Корона кризата удри и по извозот, за пет месеци регистрирано намалување од 27,4 отсто

Продолжуваат негативните резултати во домашната економија како последица од пандемијата на корона вирусот. По евидентираниот пад на бруто домашниот производ во првото тримесечје од 0,2 отсто и на индустриското производство од 14,4 отсто за периодот јануари - мај, негативни резултати се забележаа и во трговската размена со странство. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), извозот на...

Ангеловска: Економијата закрепнува, буџетот ликвиден, приходите повисоки од очекуваните

Во периодот јануари – јуни годинава вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44 отсто од ребалансот (годишниот план) или во износ од 87,4 милијарди денари. Тоа е за 9 отсто помалку во однос на истиот период лани, а процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година. Дефицитот во буџетот е остварен...

Корона вирусот во мај го намали за 5,1 отсто бројот на вработени во индустријата

Индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај минатата година, изнесува 94,9, односно за една година е намален за 5,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај годинава, во однос на истиот месец лани забележал опаѓање од 0,9 отсто, во преработувачката...

Продолжува да паѓа индустриското производство, во мај падот е 27 отсто

Негативните последици од корона кризата веќе трет месец се рефлектираат и кај индустриското производство. Во март падот на индустријата изнесуваше 13,4 отсто, во април достигна 33,5 отсто, а во мај индустриското е помало за 27 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, индексот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 73. Гледано...

Реформите во здравството и во образованието се најприоритетни за граѓаните

Реформите во здравствениот и во образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, МЦМС и телевизија Телма, врз база на анкета, посветено прашањата на евроинтеграциите. Речиси една третина од граѓаните (32 отсто) на прво место го ставиле здравствениот...

Етапната исплата на јунските пензии почнува утре

Министерството за труд и социјална политика, МТСП, информира дека од утре, 26 јуни, ќе започне исплатата на јунските пензии која, во услови на опасност од КОВИД-19, и овој месец ќе тече етапно. Пензионерите кои ги земат пензиите од филијалите и експозитурите на банките, тоа ќе можат да го сторат во четири групи, според висината на пензијата. Така, утре ќе се...

ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и според градацијата на нивоата, спаѓа...

Светска банка: Пандемијата на ковид-19 ќе ги турне економиите во најдлабоката рецесија по Втората светска војна

Пандемијата на корона вирусот до крајот на годинава ќе предизвика голем пад на светската економија, при што глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти и тоа ќе биде најдлабоката рецесија после Втората светска војна. Голем дел од економиите во светот ќе доживеат пад на производството по глава на жител, најголем од 1870 година наваму, прогнозира Светската банка во најновиот...

ДЗС: Пад на извозот од 23,8 отсто во првиот квартал од годинава

Во периодот јануари-април 2020 година, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 4.305.200.000 американски долари, при што вкупната вредност на извозот достигна 1.782.502.000 долари и бележи пад од 23,8 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698.000 долари, што е за 19 отсто помалку...

Корона вирусот во април ја турна македонската индустрија во негатива

Продолжуваат негативните резултати во економија, како последица на корона кризата. Од месец во месец, статистиката евидентира сè поголем пад на производството во индустријата и на бројот на вработените во неа. Додека во март годинава падот на индустриското производство изнесуваше 13,4 отсто, во споредба со истиот месец лани, веќе во април производството во индустријата падна за рекордни 33,5 отсто во...

ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП за 3,5 отсто годинава

Економиите во регионите што ги покрива Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, годинава ќе се намалат во просек со 3,5 отсто оваа година, со раст од 4,8 отсто во 2021 година, а проекциите се предмет на „досега невидена неизвесност“. Ова се оценува во најновиот, денешен извештај на ЕБОР „Регионалните економски изгледи“, кој се објавува два пати годишно. „Прогнозите за...

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...