fbpx

ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП за 3,5 отсто годинава

-

Економиите во регионите што ги покрива Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, годинава ќе се намалат во просек со 3,5 отсто оваа година, со раст од 4,8 отсто во 2021 година, а проекциите се предмет на „досега невидена неизвесност“. Ова се оценува во најновиот, денешен извештај на ЕБОР „Регионалните економски изгледи“, кој се објавува два пати годишно.

„Прогнозите за падот годинава се резултат на влијанието на пандемијата на корона вирусот врз економијата“, се вели во извештајот.

Во делот за Македонија се прогнозира пад на домашниот бруто-производ, БДП, за 3,5 отсто во 2020 година и економски раст од 5,5 отсто во наредната година. Се констатира дека растот минатата година пораснал за 3,6 отсто, од 2,7 отсто колку што беше во 2018 година, поради домашната побарувачка и закрепнувањето на инвестициите.

ЕБОР предвидува дека падот на БДП во Македонија, покрај Србија, ќе биде најмал, во споредба со другите земји од регионот на Западен Балкан и пошироко во Европа.
Така, најголем пад на БДП за годинава се прогнозира за Албанија, 9 отсто, и за Црна Гора, 8 отсто. Но, и за двете земји се предвидува дека во 2021 година ќе имаат силен економски раст од 12, односно од 10,5 отсто.

Босна и Херцеговина годинава ќе има пад на БДП од 4,5 отсто и раст од 6 отсто во 2021, а во Косово БДП ќе падне на 5 отсто годинава, а ќе се зголеми на 7,5 отсто наредната година. За Србија ЕБОР очекуваа пад од 3,5 отсто годинава и раст од 6 отсто во наредната 2021 година.

Главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик, изјави дека, како што светот излегува од кризата, клучно е да се насочи кон идна соработка и поголема економска флексибилност.

„Кризата беше голем удар и излегувањето од таа состојба ќе биде исто толкав предизвик. Не е време да се влегува во економски национализам и протекционизам, туку треба да се формира подобра иднина преку меѓународна посветеност за слободна трговија, намалување на климатски промени и економска соработка. Земјите од Западен Балкан, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, ќе бидат погодени поради нарушување на глобалните синџири на снабдување, поради нивните јаки производствени бази. Албанија и Црна Гора ќе бидат погодени поради нивната зависност од туризмот, додека во Косово и во одреден степен другите економии од Западен Балкан, намалените дознаки ќе ја намалат домашната побарувачка“, рече таа.

Хрватска се очекува да доживее пад на БДП од 7 отсто годинава, а раст од 6 отсто во следната, додека за Словенија се предвидува намалување на БДП од 5,5 отсто и раст од 5 отсто во 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...