fbpx

ДЗС: Во јуни овошјето поскапело за 13,6 отсто во однос на мај

-

Трошоците на живот и цените на мало во јуни 2020 година во однос на мај се зголемени за 0,8 отсто, додека споредено со јуни 2019 година трошоците на живот бележат раст од 1,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите во минатиот месец, во споредба со мај 2020 година, имало кај свежото и разладеното овошје за 13,6 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 3,5 отсто, пивото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи и виното, за 0,3 отсто.

Во јуни годинава, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 18,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 9,7 отсто, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,9 отсто и друго.

Статистичките податоци покажуваат дека во јуни 2020 година, во однос на претходниот месец, пониски биле трошоците на живот кај информатичката опрема за обработка на податоците за 5,7 отсто, гасот за домаќинствата за 4,2 отсто и моторните возила за 1,5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...