fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

„Часовникот на Судниот ден“ останува 90 секунди до пропаста на човештвото

„Часовникот на Судниот ден“ кој симболично покажува колку светот е блиску до апокалипса и истребување на човештвото, останува на 90 секунди „до полноќ“, што е најблиску досега откако беше создаден, соопшти панелот од меѓународни научници. Часовникот секоја година го поставува Билтенот на атомските научници кои велат дека „застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа“. Минатата година, Билтенот го...

Според Украинците, рускиот трагичен биланс достигнал 376.030 елиминирани

Украинските сили досега елиминирале 376.030 руски војници - од 24 февруари 2022 и почетокот на денешниот ден, известува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во текот на изминатото деноноќје, биле онеспособени уште 760 припадници на руските инвазиски сили. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле уништени и 6.181 руски тенкови, 11.466 оклопни борбени возила, 8.875 артилериски системи и друго...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Украина нападната од 40 руски ракети и дронови

Утрово Русија лансираше 37 ракети и три дрона кон Украина. Системот за одбрана од воздушни напади соборил осум ракети, многу помал процент од тоа колку вообичаено се успешни украинските воздушни сили, известува Ројтерс. Погодени се градовите Днипро и Чернихив, но сè уште не се објавени детали во врска со тоа кои биле точните воени цели на нападот. „Оштетени се неколку домови...

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи на Телеграм се споделуваа лажни вести дека членовите...

Русија го лансираше досега најобемниот воздушен напад против Украина

Русија лансираше огромен број ракети кон градови во Украина, вклучувајќи го и Кијив. Забележани се најмалку 33 убиени цивили и 180 повредени, известува Гардијан. Украинските воздушни сили соопштија дека собориле 87 ракети и 27 дронови, од вкупно 158 воздушни оружја кои се обиделе да ги соборат. За време на нападот, полската војска соопшти оти неидентификуван воздушен објект, кој таа го идентификувала...

Украина негира тврдење на Русија за контрола врз градот Маринка

Командантот на вооружените сили на Украина вчера изјави дека нивните војници останале во областа на источниот град Маринка и покрај тврдењата на рускиот министер за одбрана дека Москва ја контролира населбата, пишува Гардијан.  Валери Залужњи, командантот на вооружените сили на Украина им признал на новинарите дека градот е во урнатини, но рекол и дека украинските војници се позиционирани на северното...

Украинските воени сили уништиле руски десантен брод во Црното Море

Русија потврди дека еден од нејзините воени бродови е оштетен во Црното Море при напад на Украина, соопшти Би-би-си. Претходно, шефот на украинските воздухопловни сили изјави дека нивните воени авиони го уништиле бродот Новочеркаск, а според Сергеј Аксјонов, рускиот шеф на Крим, било убиено едно лице во нападот. Тој додаде дека се оштетени шест згради и дека мал број луѓе морале...

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008

Граѓаните на Северна Македонија не се вознемирени од позитивната одлука на Унијата за Украина, туку од политичарите кои со неусвојувањето на потребните уставни измени ризикуваат повторување на грешката на Букурешт 2008. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, коментирајќи ја геополитичката одлука на Европската Унија, за почеток на преговори со Украина. Според Османи, тоа би значело повторно...

Шолц: Европската Унија нема да попушти во поддршката за Украина

Европската Унија треба да ги започне пристапните преговори со Украина, смета германскиот канцелар Олаф Шолц. „За нас е важно сега да поставиме курс што ќе го започне процесот на пристапување и таа одлука да биде поддржана од сите земји-членки“, рече Шолц денеска на европскиот Самит во Брисел, пренесе германската агенција ДПА. Германија ги поддржува предлозите на Европската комисија во однос на...

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска ја одржа првата прес-конференција откако Русија војува со Украина. Тој кажа дека суверенитетот на неговата земја е под закана и дека самото постоење на нивната земја без суверенитет е невозможно, пренесува Гардијан. „Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Целите не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина“, изјави тој. Тој тврди дека...

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Анкета: Граѓаните на ЕУ отворени за прием на Украина, но со „оладени“ чувства за Македонија и Западен Балкан

Европејците се генерално отворени за идејата Украина да се приклучи кон ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но се со „оладени“ чувства во однос на потенцијалното проширување на блокот со земјите од Западен Балкан и со Грузија. Според истражувањето во шест земји-членки на ЕУ, објавено денеска од страна на Европскиот совет за надворешни односи, нема јасна мнозинска поддршка за која...

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Украина и Израел

Републиканските членови во американскиот Сенат го блокираа потегот за усвојување на нацрт-законот за помош на Украина, откако не успеаја да обезбедат компромиси за зголемување на контролата над јужната граница на САД што ги бараа во замена. Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарди за Украина, како и средства за Израел и помош за Газа, пренесува Би-би-си. Белата куќа предупреди дека...

Украина и балтичките земји ќе го бојкотираат самитот на ОБСЕ поради доаѓањето на Лавров

Одлуката да му се дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје доведе до бојкот на присуството на настанот од Украина и од балтичките земји, пренесува Гардијан. Украина денеска побара Русија да биде исклучена од ОБСЕ, додавајќи дека сите мора да работат заедно за да се спаси ОБСЕ од Русија....

Кијив погоден со најголемиот напад со дронови од почетокот на војната

Вчеравечер Русија го започна својот најголем напад со дронови од почетокот на војната, вели градоначалникот на Кијив Витали Кличко. Главниот град на Украина бил нападнат со 75 „Шахид“ дронови од иранско производство. Сите освен еден биле соборени од украинските воздушни сили. Нападот и соборувањето на дроновите траело шест саати во текот на ноќта, известува Би-би-си. Сепак, и остатоците од соборените...

„Дипфејк“ видео манипулира дека генералот Залужни подготвува воен удар

Видеото во кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува на воен удар и зборува против украинскиот претседател Володомир Зеленски е висококвалитетно лажно видео, таканаречено „deepfake“, создадено со помош на вештачка интелигенција, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео според кое врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, наводно повикува...

Унгарија го проблематизира членството на Украина во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека Украина не е подготвена за членство во Европската Унија и дека би донела војна во Европа, додека украинската министерка за евроинтеграции Олга Стефанишина одговори дека унгарската политичка спротивставеност кон Украина нема да претставува значајна пречка за патот на Украина кон ЕУ, известуваат Ројтерс и Кијив Индепендент. Ваквите изјави доаѓаат откако...

ЕК препорачува почеток на преговорите со Молдавија и Украина, членките треба да одлучат

Европската комисија предлага отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, но останува во декември Европскиот совет, односно самите земји-членки на ЕУ да одлучат дали овие две земји ќе отпочнат со преговорите. За ова денеска информираше претседателката на Европската kомисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел. Фон дер Лајен дополни дека ЕК му препорачува на Европскиот совет...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...