fbpx

Украина и балтичките земји ќе го бојкотираат самитот на ОБСЕ поради доаѓањето на Лавров

Бојкотот на четирите земји доаѓа откако беше потврдено присуството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Министерскиот самит во Скопје

-

Одлуката да му се дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје доведе до бојкот на присуството на настанот од Украина и од балтичките земји, пренесува Гардијан.

Украина денеска побара Русија да биде исклучена од ОБСЕ, додавајќи дека сите мора да работат заедно за да се спаси ОБСЕ од Русија. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе го бојкотира Министерскиот самит на ОБСЕ, информираше денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко за агенцијата Франс-прес.

Тој рече дека Русија треба да биде отстранета од ОБСЕ бидејќи ја извела најголемата вооружена агресија во Европа од крајот на Втората светска војна, алудирајќи на нападот на Русија врз Украина кој започна во февруари 2022 година.

Инаку, револтот од присуството на Лавров во Скопје расте и од соседните земји на Украина. Балтичките земји – Естонија, Латвија и Литванија денеска соопштија дека нивните највисоки дипломати нема да присуствуваат на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје, во знак на протест поради поканата за присуство на Сергеј Лавров. Нашата земја претседава со ОБСЕ годинава.

Во заедничката изјава, министрите за надворешни работи на балтичките земји велат дека планираното присуство на Сергеј Лавров „ризикува да го легитимира агресорот Русија како „законски член на нашата заедница на слободни нации“.

Говорејќи на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахна денеска рече дека присуството на Лавров ги банализира свирепите злосторства што Русија продолжува да ги врши. Цахна додаде дека местото на Лавров е пред специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ.

Минатата година домаќинот на ОБСЕ Полска одби да го пушти Лавров да присуствува, што предизвика лут одговор од Русија. Овој пат, Северна Македонија одлучи да дозволи рускиот министер да присуствува на Министерскиот самит.

Русија, пак, во три наврати во изминатиов период го блокираше изборот на Естонија за претседавач со ОБСЕ во 2024 година, по што мораше да се постигне консензус меѓу земјите-членки за избор на Малта за претседавач на Организацијата догодина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...