fbpx

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008

„Јас сум сигурен дека подоцна ние ќе најдеме решение бидејќи времињата не се од Букурешт 2008 година, но теоретски, ризикот е ние уште една декада да изгубиме”, истакна Османи

-

Граѓаните на Северна Македонија не се вознемирени од позитивната одлука на Унијата за Украина, туку од политичарите кои со неусвојувањето на потребните уставни измени ризикуваат повторување на грешката на Букурешт 2008. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, коментирајќи ја геополитичката одлука на Европската Унија, за почеток на преговори со Украина.

Според Османи, тоа би значело повторно долгорочно заглавување на државата на евроинтегративниот пат, т.е. околу најважните прашања за граѓаните: стандардот, за нивната одлука дали ќе останат овде или ќе заминат надвор, за работните места, за нивните плати, здравството, образованието.

„Паметните учат од туѓите грешки, непаметните од своите. Ние се доведуваме во ситуација ни од своите грешки не учиме. Дозволуваме повторно едни темни сили – националистички, да ни ја киднапираат иднината заради лични агенди. Јас сум сигурен дека подоцна ние ќе најдеме решение бидејќи времињата не се од Букурешт 2008 година, но теоретски, ризикот е ние уште една декада да изгубиме”, истакна Османи во интервју за „Слободен печат“, повикувајќи ги опозициските партии да не останат индиферентни во овие критични времиња за иднината на земјата и „да мислат за следните генерации наместо за следните избори“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...