fbpx

Шолц: Европската Унија нема да попушти во поддршката за Украина

За нас е важно сега да поставиме курс што ќе го започне процесот на пристапување и таа одлука да биде поддржана од сите земји-членки“, рече Шолц денеска на самитот во Брисел

-

Европската Унија треба да ги започне пристапните преговори со Украина, смета германскиот канцелар Олаф Шолц.

„За нас е важно сега да поставиме курс што ќе го започне процесот на пристапување и таа одлука да биде поддржана од сите земји-членки“, рече Шолц денеска на европскиот Самит во Брисел, пренесе германската агенција ДПА.

Германија ги поддржува предлозите на Европската комисија во однос на преговорите, додаде канцеларот, говорејќи на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на ЕУ.

Европската комисија неодамна предложи да започнат пристапните преговори на Украина, иако таа земја не ги исполни целосно сите реформски барања од минатата година.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се спротивстави на ваквите предлози. Договорени се седум предуслови, а според анализата на самата Европска комисија три не се исполнети, рече тој по пристигнувањето на самитот. Затоа, сега, додаде Орбан, нема што да се разговара.

Орбан може да го спречи почетокот на преговорите со ставање вето бидејќи за таква одлука потребна е согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Шолц, сепак, рече дека е важно да се испрати јасен сигнал за поддршка на Украина. Според германскиот канцелар, ова е порака за Киев, но и за Москва.

Покрај тоа, неопходно е да се обезбеди финансиска поддршка за Украина. Во следните години се очекува помош од 50 милијарди евра. Тоа, повтори Шолц, ќе биде важна порака до граѓаните на Украина.

„Но, и порака насочена кон рускиот претседател, кој мора да знае дека не може да смета на фактот дека Европската Унија и нејзините земји-членки ќе попуштат во поддршката за Украина“, посочи тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...