fbpx

Промовирана база за медиумскa сопственост во Македонија

Единаесет телевизиски канали, пет радија, 13 онлајн медиуми и пет весници се дел од македонската база на податоци „Мониторинг на медиумско сопствеништво“ – МОМ што денеска ја промовира тимот на невладината организација Глобален медиумски регистар – ГМР  и Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН

-

Единаесет телевизиски канали, пет радија, 13 онлајн медиуми и пет весници се дел од македонската база на податоци „Мониторинг на медиумско сопствеништво“ – МОМ што денеска ја промовира тимот на невладината организација Глобален медиумски регистар – ГМР  и Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН, пренесе Призма. 

Македонската верзија на МОМ е дел од регионалниот проект во кој се вклучени и Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Таа е достапна на англиски и македонски јазик, а наскоро и на албански.

Наодите на истражувањето мапираа зони од висок, среден и мал ризик за медиумскиот плурализам. Со висок ризик се концентрацијата на медиумската публика, пазарот, сопственоста меѓу медиумите (што покажува голем удел на малкумина сопственици) и родовиот дисбаланс во индустријата.

Собраните податоци покажуваат и дека највлијателните македонските медиуми ги водат главно мажи на кои медиумскиот бизнис често им е споредна работа.

Наодите и контекстот воедно ја отсликуваат медиумската сцена во Македонија каде како клучни поенти се нотираат – немањето објективни и релевантни податоци за публиката, потоа проблеми во функционирањето на онлајн медиумите и принуденоста на медиумите да зависат од субвенции.

„Секој граѓанин има право да знае кој стои зад вестите кои ги консумира, кој ја обликува агендата и да одлучи кој извор е релевантен, а кој не е. Ова не значи дека секој сопственик се меша во вестите, и дека тоа се случува секогаш, но неопходно е (сопствеништвото) да биде јасно и транспарентно, за граѓанинот да може да го разбере генералниот контекст“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната презентација.

На дискусијата која следеше учествуваа Олаф Штејнфат, директорот на ГМР , Снежана Трпевска коосновач на институтот Ресис и медиумски експерт, Драган Секуловски, директор Здружението на новинари на Македонија и Магдалена Довлева, од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, од каде  редовно го мониторираат медиумското сопствеништво.

Тие говореа за клучните проблеми со кои се соочува медиумската индустрија во Македонија, законските измени кои ќе го вратат државното рекламирање во медиумите, субвенциите за печатените медиуми како и дилемите околу најавената регулација на онлајн медиумите.

МОМ е инициран и организиран од германската секција на Репортери без граници, чија цел е одбрана на слободата на медиумите и правото да се информира, и да се биде информиран, секаде во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...