fbpx
Таг: филм

таг: филм

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри филмови избрани на „Џифони Македонија“

Рускиот филм „На работ“ (On the edge) во режија на Едуард Бордуков е најдобар филм според жирито на сениорите на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Продуцентот на филмот Михаил Дегтиар беше гостин на фестивалот и синоќа на затворањето во Кинотеката се заблагодари за признанието што му го дадоа младите од Македонија на овој филм. Станува збор за еден...

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ завршува вечерва

Вчера завршија со работа сите работилници и другата филмска програма од Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, а вечерва во 19.30 часот во Кинотеката ќе се одржи завршната вечер каде ќе биде прикажано сработеното, а ќе бидат прогласени најдобрите филмови во сите натпреварувачки категории. Завршната вечер ќе биде пренесувана и на фејсбук-страницата на фестивалот. Работилницата за дигитален дизајн ја водеше...

„Џифони Македонија“: Филмот „Тука сум“ на Стефан Божиновски предизвика дискусија против стереотипите во општеството

Филмот „Тука сум“ на младиот автор Стефан Божиновски предизвика големо внимание кај средношколците што учествуваат на „Џифони Македонија“ вчера во киното „Фросина“. Дебитантскиот краток филм на Божиновски, кој е студент по графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, ги поттикна филмофилите да разговараат на темата која беше во фокусот на филмот: неприфаќање на различностите и стереотипите што владеат...

Манчевски за „Кориере дела сера“: Никогаш не е многу од мостови на Балканот

„Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели македонскиот режисер Милчо Манчевски во интервју за еден од најстарите и најчитани италијански весници, „Кориере дела сера“. Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. „На сите ни требаат мостови, бидејќи, Бог знае, секаде има многу немирни води. Само глупави или...

Средношколци и студенти ќе бидат дел од жирито на детскиот фестивал „Џифони“ во Италија“

Петнаесет македонски средношколци и студенти од вчера па во наредните девет денови ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – „Џифони“ кој се одржува во Италија. Под мотото „Восклик на радоста“, оваа година фестивалот „Џифони“ постепено се враќа во киносалите. Така, на 3.000 учесници во живо ќе им се придружат уште 2.000 учесници...

Со проекција во Кинотека, вечерва се отвора 11-от Филозофски филмски фестивал

Со џез концерт на отворено и еден од најголемите класици на немиот филм ТОЛПАТА (THE CROWD), вечерва стартува 11-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал. Годинава, за разлика од лани, хибридниот фестивал почнува со мини-концерт во дворот на Кинотеката на С. Македонија, односно во летното кино „Мирно лето“, информираат организаторите на фестивалот. Покрај филмската проекција, вљубениците на добриот звук ќе имаат...

Аватар повторно на врвот на листата на филмови со највисока заработка

На 13 март Аватар повторно стана филм со најголема заработка на сите времиња. Овој филм го држеше рекордот од неговата објава во 2009та година се до 2019 година кога беше надминат од најуспешниот филм од Марвел - "Avengers: Endgame". Аватар успеа да го врати својот рекорд оваа година откако беше повторно пуштен во киносалите во Кина. Со ова новиот...

Чадвик Бозман познат како суперхеројот Црниот Пантер, почина од рак на 43 години

Почина актерот Чадвик Бозман, најпознат по неговата улога на суперхеројот Црниот Пантер (Black Panther) во истоимениот блокбастер од Марвел. На неговите профили на социјалните медиуми беше објавена официјална порака од неговиот тим дека Чадвик починал вечерта на 28 Август, на 43-годишна возраст, по 4-годишна борба со ракот, во тајност. https://www.instagram.com/p/CEdLs05FWTn/ Иако Чадвик се борел со болеста веќе 4 години, за ова...

Бужаровска пишува сценарио за филм за студентските протести

Во Хрватска ќе се снима филм според расказот на македонската писателка Румена Бужаровска, „Осми март“ од нејзината најнова збирка раскази „Не одам никаде“. Бужаровска сценариото го пишува со поддршка од Хрватскиот аудивузуелен центар (ХАВЦ). Расказот „Осми март“ е трагикомична приказна за средовечна професорка која ќе се најде во необична ситуација во екот на студентските протести во Скопје во 2014 година,...

Списанието за филм „Кинопис“ e достапно онлајн

По повод 30 годишнината од излегувањето на првиот број на „Кинопис“ – списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности – Кинотеката на својата веб-страница ги направи достапни за јавноста досегашните броеви на ова списание. „Во овие 30 години во списанието, едноставно, не остана „негибнат“ ниту еден сегмент, ниту еден аспект од – и ниту еден пристап...

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со околу 50.000 евра

На седмата седница, Владата донесе одлука на екипата на документарниот филм „Медена земја“, да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) во знак на признание на меѓународниот успех. „Медена земја“ беше номинирана за Оскар во две категории за најдобар документарен и странски филм. Иако не доби статуетка, сепак филмот постигна планетарен успех, поради темата...

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „Annie“ награда за анимиран филм

Виктор Ивановски, студент по анимација на „Sheridan College“, Канада е дел од екипата што работеше на анимираниот филм „Лисицата и гулабот“ (The Fox and The Pigeon) кој годинава ја освои престижната „Annie“ награда за најдобар студентски анимиран филм, на 47. издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес. Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти работеа на реализација на...

Фестивалот „Синедејс“ преку meme кампања им се приближува на младите

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој се одржува во Скопје од 7 до 15 ноември ја заснова својата промотивната кампања на користење на мемиња од интернет кои се блиски до младата публика. Како дел од кампањата се направени постери и билборди кои ги користат широко познатите шаблони за „мимови“ или „мемиња“. (Не постои официјално усвоен македонски термин за англискиот збор...

Mакедонскиот проект „М“ награден на Филмски фестивал во Солун

Филмскиот фестивал во Солун синоќа го финализираше неговото 59. издание со доделувањето на наградите на филмовите од натпреварувачката конкуренција кои беа селектирани во малку необичен контекст за етаблирани фестивали. Имено, 15 први или филмови на автори од целиот свет беа дел од посветата на тн. „римско милосрдие“ („caritas romana“), класичниот мотив во уметноста инспириран од грижата на Перо за нејзиниот...

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов – Изи

Краткометражниот  филм  „Љубовникот“,  снимен  во  манирот  на  старите  неми филмови, по сценарио и во режија на Игор Иванов - Изи, а во продукција на „Скопје филм  студио“,  е  во  завршна  фаза  на  пост-продукција. Филмот  пред  неполни  два месеца  беше  снимен  на  локација  во  Скопје  во  населбата  Карпош  2,  каде  што  со креативна сценографија,  костимографија и приод на камерата беше создаден...

Издавачот на стрипови „Бонели“ најавува ТВ-серии, почнувајќи со Дилан Дог

Водечкиот италијанскиот издавач на стрипови „Серџо Бонели едиторе“ најавил развој на продукција на ТВ-серии со некои од своите најпознати брендови, почнувајќи со популарниот истражувач на натприродни појави, Дилан Дог. Според „Варајети“, „Бонели“ основа компанија-ќерка посветена на филмска продукција наречена „Бонели ентертејнмент“ преку која планира адаптации на некои од своите стрипови, како Марти Мистерија, Натан Невер, Дампир и Драгонеро, при што...

Феми Кути премиерно со Македонската филхармонија во Градски парк

Реномираниот џез-музичар Феми Кути со Македонска филхармонија ќе одржи концерт на 7 јуни, информираа денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот Македонската филхармонија, Виктор Илиески. Шилегов го најави и утрешното емитување на македонскиот филм Исцелител, на отворена сцена во Градскиот парк. Филмот е добитник на 9 меѓународни награди, од кои 5 за најдобар филм. - Исцелител е најпродаван...

По светските фестивали, „Исцелител“ повторно во кината низ Македонија

По шестмесечната успешна фестивалска турнеја на филмот „Исцелител“ на младиот Ѓорче Ставрески на светските филмски фестивали, филмот повторно ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје, а ќе биде и на репертоарот на МКЦ „Козјак“ во Куманово и во Домот на млади во Штип. „Исцелител“ од својата премиера на 9 ноември досега, за само шест месеци, се прикажуваше на 23...

Македонскиот „Види ја ти неа“ најдобар интернационален краток филм на „Санденс“

Краткиот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски и продукција на Скопје Филм Студио и Црна Мачка Продукција на 34-от Филмски фестивал Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, ја освои наградата Најдобар интернационален игран филм во категоријата кратки филмови. Во конкуренција за наградата беа 17 наслови од целиот свет. „Види ја ти неа“ е приказна за...

Филмови за душа и тело на филмскиот фестивал во Солун

Потрагата по корените, не само на филмската уметност, е една од димензиите на педесет и осмото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Солун, кој беше отворен во четвртокот, 2 ноември, со „За душа и тело“ на унгарската режисерка Илдико Енједи, и ќе трае до 12 ноември, кога се затвора со филмот „Забава“ на уште една особена авторка, британската режисерка...