fbpx
Таг: филм

таг: филм

Филмови за душа и тело на филмскиот фестивал во Солун

Потрагата по корените, не само на филмската уметност, е една од димензиите на педесет и осмото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Солун, кој беше отворен во четвртокот, 2 ноември, со „За душа и тело“ на унгарската режисерка Илдико Енједи, и ќе трае до 12 ноември, кога се затвора со филмот „Забава“ на уште една особена авторка, британската режисерка...

Светска премиера на „Бикини Мун“ на Манчевски на фестивалот во Сао Пауло

Петтиот игран филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, вчера ја имаше светската премиера на фестивалот во Сао Пауло, Бразил. Филмот го претстави директорката на фестивалот, Рената де Алмеида, и ќе има вкупно пет проекции во програмата за специјални презентации. Манчевски пред премиерата учествуваше на дебата на тема „Моралноста и документарниот филм“, а по проекциите имаше разговор со бразилската публика. - Многу...

Фестивалот „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни

Третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија. Фестивалот ќе се отвори со филм за „Крафтверк“, односно „Поп арт“, во традиција на претходните изданија кога фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви и на Леонард Коен. Фестивалот ќе заврши со портрет на Дејвид Боуви, преку...

Битолските советници даваат „двојазични“ и „криминални“ сугестии за филмот за Талески

Кавгите во битолскиот Совет за документарниот филм на градоначалникот Владимир Талески ги премина локалните граници. На советничката говорница се развиори македонското знаме и се покажуваа лажни банкноти отпечатени на албански јазик. Откако опозицијата не успеа да го запре снимањето на филмот за трите мандати на битолскиот градоначалник Владимир Талески, таа побара во филмот барем да биде делот за криминалите и за...

Битолскиот градоначалник Талески ќе снима филм за 12 години владеење

Битолскиот градоначалник Владимир Талески со пари на граѓаните ќе снима документарен филм за успесите од неговото владеење. Според намерите, филмот треба да биде слика за „Развојот на Битола 2005 – 2017 година“. Идејата на Талески ќе го чини општинскиот буџет 508.474,58 денари, односно околу 8.200 евра без данок на додадена вредност (ДДВ). Во проектната задача стои дека „со зголемувањето на бројот...

Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Со краток говор, актерот Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ). Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, по што му беше врачена специјална награда за животно дело „Почесно срце на Сараево“. - Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да дојдам тука. Ме прашаа повеќепати и...

Лазар Ристовски како цар Самоил во новиот филм на Митриќески

Познатиот српски актер Лазар Ристовски ќе го игра ликот на цар Самоил во новиот филм на Антонио Митриќески. Ристовски ја соопшти оваа информација во Охрид, каде учествуваше како ексклузивен гостин на „Охрид филм фест“– фестивал на ангажиран филм. Тој додаде дека за него е особена чест што ќе го игра цар Самуил, затоа што и неговите корени се од Македонија. Фестивалот беше...

Од денеска до 15 јуни „Охрид филм фест“

Од денеска до 15 јуни, во Охрид ќе се одржи првото издание на новиот интернационален филмски фестивал „Охрид филм фест“. Фестивалот ќе почне со проекција на српскиот филм „Од другата страна“. Во рамките на фестивалот ќе се емитуваат студентски, младински, играни и документарни филмови од Македонија, Србија, Турција, Германија и од други земји. Проекциите на филмови ќе бидат во просториите на Филмската...

Започна интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Дванаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ започна синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Мотото на годинешното издание е „Мали приказни - голем ум“. Во петте фестивалски денови ќе бидат прикажани 21 краток игран, документарен и анимиран филм во главниот натпреварувачки дел, 12 во ревијалната програма, како и четири долгометражни филмови. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,...

Почина актерот Велимир Бата Живоиновиќ

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста. Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и повеќе од шест децении беше еден од најсаканите балкански глумци. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во српскиот парламент.

Почина актерот Ацо Јовановски

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина актерот Ацо Јовановски, бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар од Скопје. Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 во Скопје. Тој е од првата генерација дипломирани актери, а во текот на својата богата кариера работеше во театар, на филм и во телевизија. Има одиграно...

„БТ-токсик“: Документарец за загадениот воздух во Битола и за последиците по здравјето

Доколку државата инвестира во стандардизација на индустриските капацитети и на другите загадувачи, тоа ќе ја чини помалку отколку да вложува во здравството и во санирање на последиците од загадениот воздух. Ова е една од поентите на документарниот филм „БТ-токсик“, посветен  на загадениот воздух во Битола и на последиците по здравјето на луѓето, проект на здружението „За нас се работи“. РЕК-Битола...

„Аватар 2“ во кино-салите на Божиќ во 2017 година

Сценаристот и режисер Џејмс Камерон потврди дека продолжението на „Аватар“ ќе се појави во кино-салите во 2017 година. - Планот е - Божиќ, 2017 година. Барем така можеме да најавиме сега. Но, јас не сметам дека тоа е толку важно како фактот дека сите три филмови, кога ќе ги завршиме, ќе ги објавуваме секоја следна година. Секој од тие филмови е...

Тарантино: Најдобар филм е „Лудиот Макс: Бесниот пат“

Последниве неколку години, режисерот Квентин Тарантино објавува свои листи на најдобрите филмови за годината што завршува. Оваа година тој издвои само еден наслов, за кој вели дека е најдобриот филм за годинава. Според Тарантино, најдобриот филм за годинава е „Лудиот Макс: Бесниот пат“ (Mad Max: Fury Road). - Се двоумев дали да го гледам некое време бидејќи сметав дека Лудио Макс без Мел...

Филмот „Три дена во септември“ утре премиерно пред штипската публика

По минатонеделната проекција на филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“, љубителите на седмата уметност во Штип, оваа недела ќе имаат можност да го прогледнат „Три дена во септември“. Филмот на режисерот Даријан Пејовски премиерно ќе се прикаже утре, а на репертоарот на мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе биде до четврток. Филмот е психолошки трилер, со два женски...

„Три дена во септември“ премиерно прикажан во Охрид

Дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на „Скопје филм студио“, синоќа ја доживеја охридската премиера како филм од официјалната селекција на годинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. „Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос, ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава...

Повторно затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

За потребите на снимањето на францускиот филм „А фонд“, во тек е прекин на сообраќај на патниот правец А1, на делот од мотел „Македонија“ до Градско, кој ќе трае до 18 часот. Пренасочување се врши преку стариот пат.

Ревија на германски и на полски филмови

Љубители на филмската уметност во Прилеп ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата германска и полска продукција, на проекцииите што ќе се одржат во кино-салата во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. В петок, на 13 ноември, ќе се одржи филмска работилница „Преку кастинг до улага во филм“, со фотографот...

Делницата од мотелот „Македонија“ до Градско ќе биде затворена

Делницата од мотелот „Македонија“ до Градско ќе биде затворена за сообраќај до 18 часот денеска, поради потребите за снимањето на францускиот филм во продукција на „Мануфактура“, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.  

Филмот „Медена ноќ“ прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Солун

Македонскиот игран филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков беше прикажан во Солун, на првата вечер на реномираниот Меѓународен солунски филмски фестивал. Филмот помина во одлична атмосфера во преполната сала на киното „Ставрос Торнес“, каде во петокот се проектираше последното филмско остварување на Трајков инспирирано од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите чешки сценаристи на сите времиња. Претставувањето на...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...