fbpx

Ревија на германски и на полски филмови

-

Љубители на филмската уметност во Прилеп ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата германска и полска продукција, на проекцииите што ќе се одржат во кино-салата во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

В петок, на 13 ноември, ќе се одржи филмска работилница „Преку кастинг до улага во филм“, со фотографот Коста Дупчинов, а проекциите ќе почнат од 18 часот, со германскиот филм „Ѕидот“ (Die Wand). Од 20 часот ќе се прикажува полскиот трилер „Затворен круг“ (Closed Circuit).

В сабота, на 14 ноември, во рамките на детското матине, од 12 часот, најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот анимиран филм „Храброто автомобилче Плоди“, синхронизиран на македонски јазик, додека проекциите во вечерните часови продолжуваат со германскиот филм „Изгуби ја главата“ (Lose Your Head) со почеток од 18 часот.

Од 20 часот, публиката во Прилеп ќе има можност да го погледне добитникот на „Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје, полскиот филм „Ида“ (Ida), за кој кинематограферот Ришард Ленчевски ја доби наградадата за животно дело на годинешниот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и во соработка со Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.