fbpx

„БТ-токсик“: Документарец за загадениот воздух во Битола и за последиците по здравјето

-

Доколку државата инвестира во стандардизација на индустриските капацитети и на другите загадувачи, тоа ќе ја чини помалку отколку да вложува во здравството и во санирање на последиците од загадениот воздух. Ова е една од поентите на документарниот филм „БТ-токсик“, посветен  на загадениот воздух во Битола и на последиците по здравјето на луѓето, проект на здружението „За нас се работи“.

РЕК-Битола и РЕК- Осломеј во 2012 година ја чинеле Македонија 22 милиони евра за здравствени трошоци како последица на аерозагадувањето, тврдат експертите што учествуваат во документарниот филм.

– Во овие бројки се вклучени повеќе типови трошоци, загубени години на живот, скратен живот век, смртност на новороденчиња, болнички лекувања на бронхитис, астма, заболување на долни дишни патишта, срцеви заболувања, загубени работни денови, трошоци за медикаменти – вели во филмот Невена Смилевска од „Екосвест“.

Експертите од Институтот за јавно здравје велат дека аерозагадувањето е причина за многу заболувања кај луѓето.

– Примарно е заболувањето на белодробниот систем, но и на кардиоваскуларниот систем, меѓутоа аерозагадувањето е докажан канцероген елемент – рече проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Филмот трае 27 минути и е снимен на локации во Битола, РЕК-Битола и во најблиската општина Новаци.

Од РЕК-Битола, за документарецот изјавуваат дека комбинатот не е извор на аерозагадување.

– При градбата на електраната, не само што се водеше сметка за розата на ветрови, се водеше сметка  и за висината на оџакот, кој е висок 250 метри со што имаме целосна суспензија на штетните материи и намалување на  самата  концентрација во воздухот – вели Тони Паспаловски од РЕК-Битола.

Активистите на здружението „За нас се работи“, пак, велат дека граѓаните и вработените во РЕК-Битола се заплашуваат да не зборуваат за проблемот со загадувањето и за последиците од тоа.

– Луѓето не зборуваат за проблемот бидејќи се исплашени да не си ја сечат гранката на која седат. Но, таа гранка веќе е трула и бргу ќе се скрши – изјави Душко Груевски, активист.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...