fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Продолжува расправата за импичментот на Иванов

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат расправата за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците од опозицијата сметаат дека Иванов со тоа што дал аболиција на 56 лица, само придонел да се влоши политичката криза во државата, а со повлекувањето на аболицијата признал дека донел погрешна одлука и дека ѝ наштетил на државата и поради тоа треба да...

Пратениците ќе ја продолжат расправата за импичмент на Иванов в понеделник

Без конечен исход заврши и третиот ден од расправата во Собранието за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, а продолжението на седницата спикерот Трајко Вељаноски го закажа за понеделник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека иницијативата на СДСМ е неоснована, додека опозицијата и пратениците од ДУИ повторно нагласија дека Иванов мора да сноси одговорност за...

Продолжува собраниската дебата за импичмент на Иванов

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата. Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот што го поднесоа СДСМ и нивните коалициски партнери, а е поддржан од пратениците на ДУИ. Најмалку 82 пратеници треба...

Исајловски избран за нов заменик-министер за надворешни работи

Собранието денеска со 63 гласа „за“ и со 19 „против“ го изгласа Илија Исајловски за нов заменик-министер за надворешни работи. Премиерот Емил Димитриев побара Собранието да ја разреши досегашната заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска со образложение дека нејзиното проопозициско однесување не кореспондира со политиките на Владата. Собранието едногласно, со 67 гласа, ја разреши Кипријановска која доаѓа од партијата Демократски сојуз, која...

Собранието го изгласа Миноски за нов министер за финансии

Со 67 гласови „за“ и со 19 „против“, Собранието денеска го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии. Миноски, кој веќе даде и потпиша свечена изјава, доаѓа на местото на Зоран Ставрески, кој од здравствени причини поднесе оставка. Новиот министер за финансии досега беше директор на Управата за јавни приходи, каде минатата година дојде од позицијата директор на Државниот пазарен...

Николов: Без Ставрески економскиот мотор на владата останува зарибан

Премиерот Емил Димитриев на денешната седница на Собранието, на која се констатираше оставката на министерот за финасии и вицепремиер, Зоран Ставрески, рече дека владата ќе остане посветена на развојот на економската програма и дека е потребен силен и способен кадар кој ќе продолжи да работи за доброто на македонската економија. Тој истакна дека поранешниот министер Ставрески на дело покажа како се...

Собраниската дебата за импичментот на Иванов продолжува утре

По денешната бурната расправа за импичментот на претседателот Ѓорге Иванов, пратениците со дискусија ќе продолжат утре. Власта и опозицијата веќе втор ден дебатираат дали Иванов треба да понесе одговорност за одлуката за помилување и нејзиното повлекување. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека со дадените помилувања, Иванов  не го прекршил Уставот и законите, а опозицијата бара и политичка и правна...

Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата. Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна вчера, а минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.

Шилегов: Исполнети се условите за преговори за избори наесен

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска во Собранието на Република Македонија. - Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме...

Речиси сите пратеници се пријавија да говорат за импичментот на Иванов

Почна собраниската расправа за предлогот за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од СДСМ и од нивните коалициски партии, а за збор се пријавија речиси сите пратеници. Предлогот го образложи Рената Дескоска од СДСМ, која рече дека со аболиција на 56 лица, Иванов прекршил неколку членови на Уставот и за тоа треба да сноси одговорност. - Живееме во услови на...

Пратениците ќе се обучуваат за антикорупција

Денеска и утре во Собранието ќе се одржува работилница за пратениците, на која ќе се обучуваат за превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и кај обвинителите, судир на интереси, етички кодекс и за други етички прашања за пратениците, како и за лобирање врз носителите на законодавната власт. Работилниците ги организира Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство...

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет...

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против. Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 јуни ќе мора да дебатираат...

„Шарена револуција“: Вие кривични, ние похрабри

На денешните протести на „Шарената револуција“ главна маскота беше импровизирана гатачка, настан инспириран од последните аудиозаписи што ја разбрануваа јавноста, а во кои, наводно, се слуша како премиерот Никола Груевски се советува со гатачка за својата кариера. „Гатачката“ вели дека предвидувала неславен крај за владејачката партија, а победа за „Шарената револуција“. Демонстрантите и денеска ја боеја Владата. Додека се фрлаше боја, демонстрантите со...

Српското собрание не избра претседател

Новиот состав на српското Народно собрание не успеа да избере претседател. Седницата на собранието синоќа беше прекината за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на парламентот. Таа е членка на владејачката Српска напредна партија и ја извршуваше функцијата и во претходниот парламентарен состав.

„Шарената револуција“: Не ви се плашиме, секој ден сме сè побројни

Исмаил Малиќи, еден од 26 демонстранти кому денеска му беше поднесена кривична пријава, на вечерашниот протест порача дека и покрај пријавите, притисоците и заканите, учесниците на протестите на „Шарената револуција“ не се плашат од власта. - Не ви се плашиме, секој ден сме сè побројни и еден ден ќе бидеме горди на ова што го правиме – рече Малиќи пред Собранието. https://twitter.com/meta_agency/status/738787016645697536 Поранешната...

Кабинет на Вељаноски: Пратенички прашања ќе има на крајот на јуни

Кабинетот на претседателот на Собранието е изненаден од денешната прес-конференција на Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ. Од кабинетот на Трајко Вељаноски велат дека Сугарески пред неколку дена бил информиран дека прашањето за одржување седница за пратенички прашања ќе биде отворено на координација в понеделник. - Во овој момент, исполнети се условите за следна седница за пратенички прашања и...

Денеска продолжува седницата на комисијата за импичмент на Иванов

Денеска во 11 часот, во Собранието, треба да продолжи седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на вчерашната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни...

„Шарена револуција“: Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание

„Уметничка слика“ која ги прикажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки, носеа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тие на овој начин ги исмејаа нарачаните слики што треба да бидат поставени во седиштето на партијата. https://twitter.com/meta_agency/status/738416845947015168 По почеток на протестот, пред Специјалното јавно обвинителство, каде што демонстрантите го испишаа транспарентот „Нашата уметност е бесплатна“, тие се упатија...

Прва седница на комисијата за импичмент на Иванов

Денеска во 11 часот, во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали пратениците од коалицијата на СДСМ ќе учествуваат во работата на оваа комисија, затоа што тие, иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на...

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...