fbpx

Денеска продолжува седницата на комисијата за импичмент на Иванов

-

Денеска во 11 часот, во Собранието, треба да продолжи седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на вчерашната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност.

– Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, Иванов ја презеде надлежноста на Собранието и ги амнестираше лицата. Сите знаеме дека амнестија носи Собранието, а претседателот може да помилува или да аболира. Иванов и во говорот на 12 април рече дека ќе даде амнестија, а не аболиција – рече Дескоска.

Таа побара од претседателот на комисијата, Зоран Илиоски, да го повика Иванов пред членовите на собраниската комисија да одговори на неколку прашања, како, на пример, дали свесно во говорот велел амнестија, наместо аболиција, дали одлуката ја донел под притисок и други прашања, кои, како што рече Дескоска, ги интересираат пратениците на СДСМ.

Илиоски го одби барањето на Дескоска да се повика претседателот лично да одговори на сите наводи, бидејќи, според деловникот, тој може, но не мора да се изјасни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...