fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се промовираат партиски интереси ниту, пак,...

Бачев побара од Собранието да распише референдум за членството на Македонија во ЕУ

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Собранието ја поднесе претходно најавената иницијатива за распишување „консултативен референдум за членство на Македонија во Европската Унија“. Како што посочи претседателот на НДМ, Јанко Бачев, иницијативата што ја поднесуваат опфаќа две фази, односно Собранието само да распише референдум според член 20 од Законот за референдум, а доколку не го стори тоа, партијата...

Димитриев: Очекувам прашањето за избирачкиот список наскоро да биде затворено

Премиерот Емил Димитриев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието рече оти се надева дека разговорите што ги водат политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, околу прочистувањето на избирачкиот список, наскоро ќе завршат, со услогласување на нивните ставови и ова прашање ќе биде конечно затворено. - Информиран сум дека предмет на разговори помеѓу политичките партии е и новиот обид за...

Денеска во Собранието ќе се поставуваат пратенички прашања

Пратениците на денешната седница на Собранието ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања. Како што е најавено, пратениците на СДСМ нема да учествуваат, бидејќи одлучија да ја замрзнат работата во Собранието сè додека Уставен суд не се произнесе за уставноста на иницијативата на Законот за специјално јавно обвинителство. Ова е прва седница откако пратениците по распуштањето повторно се собраа во Собранието.

Донесен законот за формирање на универзитетот „Дамјан Груев“

На денешната пленарна седница, пратениците во Собранието без присуство на опозицијата дадоа зелено светло за формирање на новиот универзитет „Дамјан Груев“. „За“ гласаа 67 пратеника, а шест беа „против“ универзитетот за одбрана, безбедност и мир. Независната пратеничка Солза Грчева смета дека со формирање на овој универзитет се прави обид за создавање паралелен систем и за дисквалификација на УКИМ. - Јас овој проект...

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

ВМРО - Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот со донесувањето на Законот за...

Без опозиција, денеска во Собранието ќе се гласа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Пратениците во Собранието на денешната пленарна седница, без учество на опозицијата, по скратена постапка ќе дебатираат и ќе гласаат за оформувањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Од опозицијата велат дека откако оформувањето на овој универзитет повторно е ставено на дневен ред во Собранието, тој е дополнет со три факултети. Според опозицијата, незаконски е основањето на новиот универзитет да влегува во процедура...

Димовски: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе реши многу проблеми на студентите

Формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми што ги имаат илјадници студенти и студентки на досегашните факултети, рече на денешната прес-конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. - Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје, постои чување на монополот, чување на фамилијарните релации и потврдената...

Сугарески: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е важно само да ги вдоми партиските кадри

Со повлекувањето и повторното пуштањето на нов закон за формирање на универзитет „Дамјан Груев“, само овој пат со плус три факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование, Олга Најденовска, е основана, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координаторот на пратеничката група на СДСМ - Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски. Незаконската работа на...

Со ребалансот, повеќе пари за Уставен суд, МВР и за Агенција за разузнавање

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенција за разузнавање. Така, на пример, во буџетот за 2016 година предвидените средства за Уставен суд се 35.945.000 денари, а со предлог-ребалансот таа сума изнесува 36.645.000 денари. Во буџетот...

Владата усвои предлог-ребаланс на буџетот

Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието. Министерот за финансии, Кирил Миноски, вечерва на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти. Со ребалансот, приходите се намалуваат за 2 проценти или за 3 милијарди денари, а расходите...

Бејли: Да се отстранат сите пречки за нормално работење на СЈО

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска нагласи дека треба сите институции и политички партии да работат на отстранување на пречките за нормално функционирање на Специјалното јавно обвинителство. – Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и за сознанијата што произлегоа од...

Брисел: Неучествувањето во Собранието ги спречува демократските процеси

Европската комисија порача дека учеството во работата на Собранието е клучна за развојот на европската демократија и потсети дека Договорот од Пржино е најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. - Парламентите се клучни институции во европските демократии. Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции и не обезбедува поголема рамнотежа на политичката моќ. Европската...

Ѓорчев: СДСМ тоне сè подлабоко во амбисот

„Замрзнувањето на работата на СДСМ во Собранието не е добро и ја продлабочува кризата во Република Македонија. Со продлабочување на кризата губи народот и губи државата“, изјави денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, како реакција на прес-конференцијата на Зоран Заев. - Социјалдемократскиот сојуз тоне сè подлабоко во амбисот. Видоа дека вандализмот, уривањето и палењето се жестоко осудени од македонскиот...

Коцијанчич по одлуката на СДСМ: Секоја партија си е одговорна за своите потези

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изреагира на одлуката на опозициската партија СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО. - Партиите се самите одговорни да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат. Политичката криза почна да има негативни последици за земјата и за нејзината евроатлантска иднина....

„Шарената револуција“ ги повика пратениците да ја бојкотираат работата на Собранието

„Шарената револуција“ денеска преку својата страница на „Фејсбук“ ги повика пратениците да не учествуваат во работата на Собранието додека не се исполнат нивните барања. „Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и на Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното...

Нема импичмент за претседателот Иванов

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија. За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов...

Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

Пратениците денеска во Собранието ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април. Ова е четврто продолжение на седницата за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и на ДУИ. Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата на 56 лица, политичари и ниви...

Новинарот Кежаровски на информативен разговор поради боење на Собранието

Новинарот Томислав Кежаровски денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица Центар. Како што пишува Кежаровски на својот профил на „Фејсбук“, поканата е поради вмешаност во боењето на Собранието на 28 мај. „ПС Центар издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денеска во 18.30 часот во полициската станица. Ме викаат заради вмешаност во боење на Собранието. Со оваа...

Парламентарна делегација на конференција за миграција во Брисел

Делегација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во Брисел учествува на дводневна интерпарламентарната конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето“. Делегација ја предводи претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Владимир Ѓорчев, а дел од неа се и пратениците Нада Ципушева,...

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...