Бејли: Да се отстранат сите пречки за нормално работење на СЈО

-

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска нагласи дека треба сите институции и политички партии да работат на отстранување на пречките за нормално функционирање на Специјалното јавно обвинителство.

– Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и за сознанијата што произлегоа од него. Како што кажа Европската Унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Договорот од Пржино и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО – рече Бејли.

Американскиот амбасадор денеска беше во посета на мегалитската опсерваторија Кокино, каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и од Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група „Абер 2015“.

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата...

Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше...

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските...

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Без никаква најава, вчера на собраниската пленарна седница кој е во тек, како дополнување на дневниот ред, по брза постапка се поставени измени на Законот за слободен пристап до информации од...

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го...