fbpx

Исајловски избран за нов заменик-министер за надворешни работи

-

Собранието денеска со 63 гласа „за“ и со 19 „против“ го изгласа Илија Исајловски за нов заменик-министер за надворешни работи.

Премиерот Емил Димитриев побара Собранието да ја разреши досегашната заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска со образложение дека нејзиното проопозициско однесување не кореспондира со политиките на Владата.

Собранието едногласно, со 67 гласа, ја разреши Кипријановска која доаѓа од партијата Демократски сојуз, која ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...