fbpx

„Шарена револуција“: Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание

-

„Уметничка слика“ која ги прикажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки, носеа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тие на овој начин ги исмејаа нарачаните слики што треба да бидат поставени во седиштето на партијата.

По почеток на протестот, пред Специјалното јавно обвинителство, каде што демонстрантите го испишаа транспарентот „Нашата уметност е бесплатна“, тие се упатија пред Владата, каде што повторно ја обоија зградата и ја „украсија“ со сликата.

Активистот Марјан Ненов пред Собранието порача дека со месеци протестира против „криминалната Регулаторна комисија за енергетика и „Балкан енерџи груп“, која благодарение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е во Македонија.

– Додека ние протестираме, тие прават план за изградба на парк со мајмуни во Аеродром. Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание. Да изберевме мајмуни, сега немаше да бидеме во минус и во криза туку ќе бевме на нула – рече Ненов.

Александар Кирацовски од СДСМ рече дека „Шарената револуција“ ги претворила бетонските зборови на Груевски во прашина.

Тој потсети на барањата на „Шарената револуција“ и истакна дека нема да дозволат селективна аболиција и можност да се спаси половина извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Освен зградата на Владата, демонстрантите вечерва повторно го боеја и Собранието.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...