fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. - САД вршат силен притисок врз Унгарија - изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. - Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, ниту да се оддалечуваме. Ние не водиме...

Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече дека Русија ја „почитува“ волјата на гласачите по изборите на истокот на Украина, кои Западот...

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе престојува во Берлин по повод 25-годишнината...

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека во близина на неговото тело се...

Австрија е против нови санкции кон Русија

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. - Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија ќе биде вклучена во разговорите -...

Валенса: Путин му објави војна на светот

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. - Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на Украина, а тој тоа го оспори,...

Црните фудбалери може да го бојкотираат СП 2018

Советникот за борба против расизмот на Светската фудбалска федерација , Токио Сексвејл, соопшти дека црните фудбалери би можеле да го бојкотираат Светското првенство во 2018 година. Сексвејл, исто така, го повика Владимир Путин, претседателот на Русија, која ќе биде домаќин на шампионатот, да побара поостра акција против расизмот во фудбалот. Советникот, кој во Јужна Африка се бореше против апартхејдот, е против...

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот на премиерот. Властите во Киев сакаат...

Русија нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност

Русија ќе го бојкотира Самитот за нуклеарна безбедност 2016 поради неговата политичка природа, соопштија денеска неименувани дипломатски извори. Претставниците на Москва минатата недела не присуствуваа на седницата во Вашингтон, посветена на подготовките на самитот. Американски дипломатски извори соопштуваат дека засега не е јасно дали Русија планира да присуствува на состанокот. Двајца високи претставници на САД, повикувајќи се на дипломатска нота од Москва,...

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. - Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје - изјави Оланд. Тој додаде дека нивна цел е да...

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Европските лидери и посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите
Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше потпишан во септември. Европските лидери ù посочија на...

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за ИТАР-ТАСС, откако официјална Москва го...

Рускиот гас ќе протече кон Украина

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Газпром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант, Алексеј Милер. Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и Европска Унија постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и за ЕУ. Овој договор донесе олеснување на Европа, која се...

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби. Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“ чин. НАТО соопшти дека неделава е забележан „невообичаен“ зголемен број на такви летови. Тензиите меѓу Русија...

Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот

Украина ќе има гас до март 2015
Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар за енергетика, но и челниците на „Газпром“ и на „Нафтагаз“. - Процесот не беше лесен. Како...

НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

Четири групи руски авиони изминативе два дена го нарушиле меѓународниот воздушен простор во близина на границата со Европска Унија, реагираат од НАТО. - Се работи за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор - наведено е во соопштението од штабот на алијансата во Монс, Белгија. Оттаму тврдат дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и од авиони за снабдување со гориво. НАТО овие...

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...