Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата.

– Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје – изјави Оланд.

Тој додаде дека нивна цел е да ги убедат Москва и проруските активисти да се откажат од ескалација на насилство и да се вратат на дијалог.