fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат да послужат како доказен материјал. Од септември годинава, кога почна акцијата „Дамаск“, беа уапсени 16 лица,...

Кривична пријава за тројца шумски полицајци од Охрид

Тројца шумски полицајци од Шумската полициска во станицата од Охрид, А.Т. (49), И.С. (36) и Т.П. (34), заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања. СВР од Охрид ги товари дека на 10 август 2014 година, во Охрид, кај месноста Видобишта, сопреле патничко возило, џип „мицибуши пајеро“, без регистерски таблички, управувано од лице од селото Велгошти, Охридско. Возилото било натоварено со 1,5...

(ВИДЕО) Полицијата го бркала осомничениот убиец по гробиштата во Кавадарци

Од МВР денеска излегоа со официјални детали од апсењето на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци. Како што информираат оттаму, 40-годишниот Т.С. бил уапсен вчера, околу 11.30 часот, по бркотница со полицијата на градските гробишта и низ околните улици во Кавадарци. По речиси дводневна потрага и по добиени оперативни информации, полицијата го лоцирала осомничениот на градските гробишта во Кавадарци. При проверување на...

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со камења и со шишиња со запалива смеса. Полицијата употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми за...

Германија: Уапсени осум исламисти

Германската полиција уапси најмалку осум исламисти со германско државјанство за време на полициската акција во Северна Рајна Вестфалија. Рацијата е спроведена поради сомневање дека лицата со кражби во цркви и во училишта собирале средства за поддршка на џихадисти во Сирија. Како што јавуваат германските медиуми, 240 полицајци учествувале во акцијата во центарот на Келн. Претресени се домовите на 20 осомничени...

Странски државјанки без работни дозволи затекнати во тетовски локал

Екипа на тетовската полиција рано утрово, при контрола на угостителски објекти во градот, затекнала шест странски државјанки кои работеле нелегално, без работни дозволи. Како што информираат од полицијата, акцијата била спроведена во угостителскиот објект „Бабилон“, сопственост на тетовецот А.Б. (37). - При контролата, во внатрешноста на објектот, поточно на подиумот за танцување, биле затекнати шест странски државјанки, од кои пет од...

СДСМ: Зошто полицијата дозволи да бидат одземени три човечки животи

Тројно убиство во Кавадарци е класичен пример дека системот што треба да спречи насилство, не функционира. Институциите должни да ги заштитат граѓаните, целосно потфрлија. Сторителот на убиството бил пријавуван неколкупати во полиција и во центрите за социјални работи! Зошто полицијата и центрите за социјална работа дозволија да бидат одземени три човечки животи иако биле предупредени што може да се случи?!,...

Се степале роднини на ученик и професор во Скопје

Попладнево, во средното училиште „8 Септември“ (ЕМУЦ), во Автокоманда, се степале професори и роднини на ученик. Во ова училиште има неколку паралелки од ДСУ „Владо Тасевски“ од албанска националност. Според непотврдени информации, ученик од четврта година излегол од час кој го имал со класниот раководител и на училишното обезбедување му кажал дека бил удрен од професорот. За кратко време во училиштето пристигнале...

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати. Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи - Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи. Осомничените, на преминот Табановце, на увид дале германска и унгарска лична карта, за кои, по извршените проверки, полицијата...

Делчевец осомничен за фалсификување оти го искинал пасошот

Регионалниот центар за гранични работи Исток, поднел кривична пријава против Р.Т. (32) од Делчево, кој е осомничен за фалсификување личен документ. Како што информираат од полицијата, осомничениот кон средината на минатиот месец самиот отишол во канцеларијата за странци и реадмисија во Делчево и поднел барање предвреме да му биде заменет пасошот. Полицајците, по извршениот преглед на патната исправа, утврдиле дека од неа...

(ВИДЕО) Коала уапсена во Австралија

Полицијата во Нов Јужен Велс „уапси“ коала која во текот на ноќта предивика хаос во сообраќајот. По фаќањето на животното, полицајците направија серија духовити фотографии на кои ја прикажуваат коалата како ѝ ставаат лисици и како ја носат во полициско комбе и истите ги објавија на „Фејсбук“. Во шеговитиот полициски извештај стои дека коалата била запрена и ја прашале дали е...

(ВИДЕО) Десет полицајци убиени во серија напади во Авганистан

Најмалку 10 полицајци денеска загинаа во серија бомбашки напади на истокот на Авганистан, соопштија властите во Кабул. Седум полицајци утринава загинаа во провинцијата Логар, каде бомбаш-самоубиец влезе во седиштето на полицијата и ја активира експлозивната направа што му била врзана околу појасот. Тројца полицајци се убиени во провинцијата Нангархар, при екслозија на автомобил-бомба. Главното седиште на полицијата во Кабул вчера беше мета...

Странски државјани, дрога и бегалец откриени во полициска акција

Екипи на тетовската полиција вчера извршиле контрола во два угостителски објекти во селото Жеровјане, каде што покрај странски државјанки со нерегулиран престој, биле приведени уште две лица, едното барано со потерница, а другото за поседување дрога. Како што информираат од СВР Тетово, акцијата била спроведена во локалите „Ориентал ас“ и „Ловец“. Во првиот локал биле откриени четири државјанки од Србија и...

Графити со содржина „Албанска национална Илирида“ и „УЧК“ испишани на споменик од НОБ во Гостивар

На споменикот на загинатите борци од НОБ во Гостивар, непознати лица испишале графити со етинички пароли на албански јазик, информира полицијата. Графити со содржина, „Албанска национална Илирида“ (Ilirida shqipri etnike), „Илирида на кастриотите“ (Ilirida kastriotet), „УЧК“, „Гаши, Фатон, Исен, Вулнет“ (Gaxi Faton Isen Vulnet), освен на споменикот на загинати борци од НОБ, биле испишани и на влезната врата од спортската сала во градот. Полицијата...

Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Виничаката полиција поднела кривични пријави против четворица кочанци, осомничени дека минатиот месец од куќа во селото Ласки украле девизи, денари и златен накит, со вкупна вредност поголема од еден милион денари. Според полицијата, С.К. (49), Г.П. (36), Б.П. (32) и Б.М. (29) се осомничени за тешка кражба, која што ја извршиле на почетокот на минатиот месец. Тие провалиле во куќа во селото...

Капак од багажник на автобус усмртил пешак кај селото Конопница

Седумдесет и шестгодишен маж го загубил животот во сообраќајна незгода,  што утрово се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на селото Конопница. Според полициските информации, несреќата се случила околу 7 часот, кога на автобус, со скопски регистарски ознаки, кој се движел кон Куманово, му се отворил капакот од багажникот и удрил во М.С., кој пеш се...

Товарен воз прегазил илегален мигрант

Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија - Скопје. Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот. Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во полициската станица во Велес. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото и работат на утврдување...

Полицијата сè уште трага по осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци

Полицијата сè уште трага по кавадарчанецот, осомничен дека вчера попладне убил три лица во нивниот дом во градот. Осомничениот смртно ги застрелал родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, пренесуваат дел од медиумите. Од велешката полиција иформираат дека пријавата за случајот кај нив пристигнала вчера околу 16 часот. - Убиени се три лица, на возраст од 33, 56, 61 година. Јавен обвинител...

Кривична за Македонци кои илегално превезувале мигранти

Изминатата недела, во три одвоени случаи на илегално превезување мигранти, регионалниот центар за границата Југ, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29) од село Ваксинце, А.Д.(21) од село Лојане, Кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, Скопско, поради сомневање дека илегално превезувале мигранти. Истовремено во овие активности откриени се...

Го барале од Интерпол, го нашле на Богородица

На 7 ноември во 21.10 часот, при пасошка контрола, на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, бил забележан 44-годишен белграѓанец, кој се бара од Интерпол за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје или распрскувачки материи. МВР соопшти дека на Србинот му е определена мерка екстрадициски притвор во траење од 40 дена и дека тој се наоаѓа во затворот „Скопје“.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...