fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

Стружанка – жртва на филмско грабнување

Струшката полиција вчера добила пријава за грабнување, а жртва била четириесет и двегодишна жителка на градот. Како што информираат оттаму, случајот го пријавил локален адвокат, кој рекол дека грабнувањето се случило меѓу 9 и 9.20 часот на улицата Маршал Тито. Стружанката била пронајдена околу 13 часот на клупа на плажа, а полицијата работи на расчистување на случајот. Според пријавата, жртвата, С.К.(42), изутрината излегла...

Воз прегазил човек кај Згрополци

Вработен во „Македонски железници“, утрово, дваесетина минути по полноќ, во велешката полиција пријавил дека товарниот воз кој сообраќал на релација Трубарево-Гевгелија, транзит за Солун, кај место Згрополци, удрил во непознато лице кое се наоѓало на шините. Јавен обвинител и увидна екипа од велешката полиција извршиле увид на местото, каде што пронашле дел од телото, обувки, облека и траги од крв...

Жител на Џепчиште осомничен за кражба на дрва

Триесет и шестгодишен жител на тетвоското село Џепчиште заработил кривична пријава, откако со трактор натоварен со дрва за огрев, завчера ù побегнал на полициската патрола, која се обидела да го запре и да изврши контрола на товарот. Против С.М. е поднесена пријава за кражба, а двајца негови соселани се товарат за спречување на службено лице во вршење на службено дејство. Како...

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

Жител на кумановското село Черкези го загубил животот, а четворица негови соселани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатот Куманово - Скопје, во близина на селото Романовце. Според полициските информации, настраданот Беадин Р.(44) починал на самото место, а неговите сопатници Ф.Р.(32), А.Р.(51), А.Р.(21) и Б.Р.(27) се пренесени во кумановската болница. Поради сериозноста на повредите,...

Скопјанец осомничен за серија кражби во Кратовско

Кратовската полиција поднела кривична пријава против дваесет и седумгодишен скопјанец, осомничен дека извршил серија кражби во верски објекти и во продавници во градот и во околните села. Според полициските информации, осомничениот ги извршил кражбите во текот на август и на септември оваа година, кога со соодветен алат успеал да провали во пет верски објекти и во неколку колонијални продавници. Од верските...

Албански државјанин крадел огревни дрва во Струшко

Патрола на струшката полиција вчера привела албански државјанин додека товарал дрва за огрев во околината на селото Дренок. Станува збор за Ч.А.(30) од Либраж, Албанија, кој еднаш веќе бил фатен како илегално престојува во земјава и му била изречена забрана за влез до август 2017 година. Како што информираат од струшката полиција, дрвокрадецот и сега влегол илегално во земјава, преку див премин...

Кривична за светиниколец кој фалсификувал пари

Четириесет и шестгодишен жител на Свети Николе е осомничен дека минатиот месец на вработена во продавница ù подметнал фалсификувана банкнота од 200 евра. Како што информираат од полицијата, осомничениот С.В. кон средината на септември, отишол во продавница во селото Пеширово и побарал од вработената да му замени 200 евра во денари. Таа отпрвин не забележала дека станува збор за фалсификат и...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...