fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“. Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот...

Девојка прегазена во Прилеп

Синоќа пред полноќ, автомобил со прилепски регистарски таблици удрил пешак во центарот на Прилеп кај местото познато како Реклами. Во несреќата тешко е повредена млада девојка, која веднаш е пренесена во градската болница во Прилеп.  

Полицијата попречила новинари на албанската „Топ чанел“ да снимаат емисија за Горна Река

Новинарска екипа на албанската медиумската групација „Топ чанел“ составена од неколку лица, била запрена во Маврово заради полициска контрола, под изговор дека немале дозвола од Министерството за надворешни работи да снимаат инсерти во Македонија, јавува весникот „Лајм“. Новинарите биле задржани околу еден час на магистралата Врбен-Маврово од полицијата заради испитување и контрола, при што на крајот тие потпишале документ дека...

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од две непознати лица, при што едното...

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.

Кумановка осомничена за фалсификување диплома од ДУТ

Тетовската полиција поднела кривична пријава против Џ.Б. (28) од Куманово, осомничена дека фалсификувала уверение за завршено високо образование, со кое се вработила како наставник во основно училиште во Липково, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничената го сторила делото во 2011 година, кога направила лажно уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет, студентска програма англиски јазик и литература при Државниот...

Разбојници ограбиле скопјанец во казино

Дваесет и тригодишен скопајнец утрово во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека бил нападнат и ограбен од неколкумина разбојници во казино „Сенатор“, информираат од полицијата. Станува збор за Р.Ѓ., кој пријавил дека додека играл на апаратите во казиното, му пришле неколку непознати лица и, заканувајќи му се со нож, му го зеле паричникот, во кој имало 700 денари и докумнети.

Акција на УЈП и на полицијата во Сарај и во Тетово, се контролираат угостителски објекти

Силно присуство на специјалните полициските сили е забележано синоќа во скопската општина Сарај, а како што пренесуваат медиумите, слична била состојбата и во Тетово и во Куманово. Од полицијата велат дека нивни специјални тимови им асистираат на инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП), кои вршат контроли во угостителски објекти во Сарај и во Тетово. - Станува збор за проверка дали...

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми. На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според демонстрантите, реформите ги поткопуваат принципите на Белгија како социјална држава. Демонстрантите танцуваа качени врз превртени автомобили,...

Скопјанец со воздушна пушка испаничил жители на Карпош

Скопјанец со воздушна пушка, што ја носел на сервис, денеска предзвикал паника меѓу жители на населбата Карпош, кои веднаш го пријавиле во полиција. Од СВР Скопје го потврдуваат настанот и велат дека не станувало збор за ништо сериозно, туку повеќе за една банална и комична ситуација. Како што информираат оттаму, телефоните во полициската станица Карпош заѕвониле околу 12.40 часот, кога жители...

Во куќа на дебранин открино нелегално оружје

Екипа на дебарската полиција, поради сомнеж за сторено кривично дело, вчера извршила претрес на дом на жител на градот, каде пронашла и запленила илегално оружје. Според полициските информации, во куќата на А.М. (33) биле пронајдени една автоматска пушка „калашников“ и две рамки со давесет куршуми, калибар 7.62 милиметр, долго зрно. Запленетото оружје и муција се дадени на вештачење, а против А.М....

Ограбени скопјанец и жител на битолска Бистрица

Две тешки кражби вчера биле регистрирани од полицијата, од кои едната во Скопје, а другата во битолското село Бистрица, во кои арамиите однеле денари, девизи и златен накит. Како што информираат од МВР, кражбата во Скопје се случила во стан на С.М.Ф. (44), на улицата Ангел Димовски, во кој крадецот влегол користејќи погоден клуч. Според пријавата на сопстевникот, од станот...

Фрацузин се обидел да поткупи полицаец, добил две години условна казна

Француски државјанин вчера бил приведен на граничниот премин Меџитлија, на македонско-грчката граница, откако се обидел да поткупи полицаец, ставајќи 20 швајцарски франци во пасошот што го дал за контрола. Според полицијата, станува збор А.К. (39), кој се обидел да го поткупи полицаецот за да му дозволи да влезе во Македонија со своето воизло за кое немал зелен картон. Полицијата, против него,...

Уапсени крадец и педофил барани со потерница

Полицијата изминативе два дена уапсила две лица кои се барале со потреница за издржување на неколкугодишни затворски казни, од кои едниот за кривично дело полов напад врз малоленик. Како што информираат од МВР, вчера екипа на скопската полиција го уапсила четириесет и шестгодишниот Африм Р. од Скопје, кој по судска наредба се барал за издржување затворска казна од 11 години...

Нови судири на протестите во Хонг Конг

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми. Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат кон полицајците. Нови судири избија откако десеттина лица излегоа на улиците на Хонг Конг со маска...

Го заклучил во работилница поради нерасчистени имотни односи

Кривична пријава доби шеесет и едногодишниот Д.С. од Крушево бидејќи во својата работилница заклучил дваесет и петгодишно лице од Битола, поради нерасчистени имотно-правни односи, информираат од МВР. Битолчанецот бил заклучен во работилницата околу 30 минути, сè до доаѓањето на полицајците што успеал да ги повика од својот мобилен телефон.

Откриена шестчлена група илегални мигранти

Полициска екипа вчеравечер, при контрола на камион на автопатот Гевгелија - Скопје, открила шест илегални мигранти, со потекло од Сирија. Како што информираат од МВР, синоќа, околу 21 часот, кај клучката за Демир Капија, полициски службеници запреле камион „мерцедес“ и при преглед на приколката, откриле шест мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициската станица во Неготино, каде што еден...

Ограбен жител на струшко Делгожди

Жител на струшкото село Делгожди, вчера во полиција пријавил дека арамија провалил во неговиот дом и украл куфер во кој имало лични документи и разновиден златен накит. По извршениот увид, вкупната материјална штета од кражбата била проценета на околу 150.000 денари. Како што информираат од полицијата, крадецот во куќата влегол откако со соодветен алат ја отворил балконската врата, а потоа отишол...

Деветмина приведени за тепачката во автобусот на ЈСП

Полицијата привела девет лица, кои се осомничени дека учествувале во тепачката што вчера попладне се случила во автобус на ЈСП со број 64. Во информацијата за настанот, од билтенот на МВР, е наведено дека инцидентот се случил околу 14.20 часот, на автобуска постојка на булеварот Партизански одреди, каде што во автобусот кој сообраќал на релација Транзитен центар - село Никиштани...

Тројца повредени во тепачка во градски автобус

Три момчиња, од кои двајца малолетници, вчера попладне биле повредени во тепачка со друга група, што се случила во автобус со број 64, објавува интернет-порталот „МКД.мк“. Според изјавите на очевидци, што ги пренесува порталот, инцидентот го предизвикала десетчлена група, која почнала да ги провоцира и навредува трите момчиња, а потоа се нафрлила на нив со клоци и со тупаници. Во тепачката...

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...