(ВИДЕО) Коала уапсена во Австралија

Коала уапсена во австралискиот град Кемпбелтаун

Полицијата во Нов Јужен Велс „уапси“ коала која во текот на ноќта предивика хаос во сообраќајот. По фаќањето на животното, полицајците направија серија духовити фотографии на кои ја прикажуваат коалата како ѝ ставаат лисици и како ја носат во полициско комбе и истите ги објавија на „Фејсбук“.

Коала уапсена во австралискиот град Кемпбелтаун
Коала уапсена во австралискиот град Кемпбелтаун

Во шеговитиот полициски извештај стои дека коалата била запрена и ја прашале дали е запознаена со опасноста од претрчување улица. Исто така, бидејќи коалата не ја послушала наредбата да продолжи понатаму, полицајците морале да ја уапсат.

Инспекторот Адам Џонсон тврди дека еден полицаец кој патролирал со две кучиња ја забележал коалата како претрчува.

– Да не ја фатевме, некој сигурно ќе ја прегазеше со автомобил – соопшти полицаецот.
Националниот завод за заштита на животните ја советуваше полицијата да ја остави коалата далеку од центарот на градот.

http://www.youtube.com/watch?v=w_oiNIG5Rcc