СДСМ: Зошто полицијата дозволи да бидат одземени три човечки животи

-

Тројно убиство во Кавадарци е класичен пример дека системот што треба да спречи насилство, не функционира. Институциите должни да ги заштитат граѓаните, целосно потфрлија. Сторителот на убиството бил пријавуван неколкупати во полиција и во центрите за социјални работи! Зошто полицијата и центрите за социјална работа дозволија да бидат одземени три човечки животи иако биле предупредени што може да се случи?!, праша на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

– Дали е тоа соодветно постапување? За вакви случаи има јасно пропишани протоколи по коишто веднаш треба да се постапи со чекори што ќе ги заштитат жртвите. Во интерес на граѓаните бараме информации од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи да соопштат колку пати сторителот на трикратното убиство бил пријавуван за семејно насилство и за малтретирање? Дали е точно дека цели две години траело малтретирањето на сега починатите и зошто тоа било дозволено од институциите? Зошто не му бил одземен пиштолот што го поседувал сторителот, иако повеќепати бил пријавуван за семејно насилство? Дали попустливоста на институциите се должи на блискоста на убиецот со владејачката ВМРО-ДПМНЕ? Семејното насилство во Македонија е прашање за коешто многу се зборува, а речиси ништо не се прави. Нема ефикасна институционална заштита. Лошо се применува заштитата на терен. Жртвите се оставени сами на себе, што се покажа трагично по повеќе одземени човечки животи само во последниов период. Граѓаните, кои секојдневно слушаат за казни ако не пријавеле семејно насилство, имаат право на одговори од Диме Спасов и од Гордана Јанкулоска – кој сега ќе понесе одговорност? – изјави Царовска.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...