fbpx
Таг: повредени

таг: повредени

„Асошијетед прес“: Шок-бомби и повредени мигранти на границата

Најмалку осум лица се повредени откако македонската полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги смири неколкуте илјади мигранти кои се заглавени во безграничниот простор меѓу Македонија и Грција, јавува новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на информации од грчката полиција. Странските агенции јавуваат дека толпата од околу 3.000 лица, кои ја минале ноќта под отворено небо, направиле неколку обиди...

Два мотоцикли се судрија кај Клубот на пратеници во Скопје

Необична сообраќајна несреќа предмалку се случи на раскрсницата кај Клубот на пратеници во Скопје. Имено два мотоцикли се судриле на пешачкиот премин, а во несреќата нема повредени. Полицијата врши увид на самото место.

Силна експлозија во Банкок, петмина загинати и 20 повредени

Пет лица загинале, а околу 20 се повредени во голема експлозија која денеска одекнала во близина на верски храм во главниот град на Тајланд, Банкок, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извештаите на локалните медиуми. Репортерот на „Би-Би-Си“, од местото на настанот јавува дека во областа Чилдом каде се случила експлозијата владее хаос, а делови од човечки тела можеле да...

Судар на возови во Унгарија, 19 лица повредени

Два воза се судриле во унгарскиот град Галгагута, 50 километри североисточно од Будимпешта, при што се повредени 19 луѓе, соопшти унгарската полиција. Портпаролот на унгарската железница, Имре Кавалец, за националната новинска агенција „МТИ“ изјавил дека од 19 повредени, двајца се во тешка состојба. Во возовите, кои во моментот на несреќта се движеле со брзина од 20 километри на саат, се наоѓале...

Најмалку 47 загинати во експлозија на пазар во Нигерија

Најмалку 47 лица загинале во експлозија што денеска околу пладне одекнала на пазар во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, јавуваат светските агенции. Експлозијата се случила на сточниот пазар во градот Сабон Гари на југот на Борно, а покрај за загинати, агенциите јавуваат и за најмалку 52 повредени лица. Според првичните информации, одговорна за нападот најверојатно е милитантната исламистичка организација...

Петмина повредени во два инциденти во Скопје

Пет лица се повредени во два инциденти што ноќеска се случија во Скопје, едниот на плоштадот Македонија и другиот на улицата Никола Парапунов во населбата Карпош 4, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Првиот инцидентот, во кој од страна на повеќе непознати лица физички биле нападнати Б.И. (20), М.А. (23) и уште едно 14-годишно момче, се случил околу 23 часот на...

Полицијата трага по тројца насилници од кумановско Лопате

Двајца браќа и уште едно непознато лице, вчера вечерта во кумановското село Лопате нападнале и претепале три лица, кои по инцидентот биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, за укажување лекарска помош. Инцидентот се случил околу 19.45 часот, а му претходела расправија меѓу браќата и нападнатите. Според полициските информации, браќата Ф.А. (33) и Ф.А. (30) и непознатото лице со автомобил,...

Шестмина загинати во бомбашки напад на талибанците во Авганистан

Најмалку шест луѓе загинале, од кои тројца полицајци, а 13 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случи на истокот на Авганистан, јавуваат медиумите. Како што пренесува „Би-Би-Си“, приколка полна со експлозив била детонирана пред полициска станица во Пули Алам, главен град на провинцијата Логар, соопштиле локалните власти. Одговорноста за нападот ја презеле талибанските милитанти, кои соопштиле дека цел...

МВР за невремето во Тетовско: Четворица загинати, двајца исчезнати и 11 повредени

Хашим Ф. (83) од Шипковица, А.М. (14) од Шипковица и две деца, на возраст од седум, односно една и пол година, од Тетово и од селото Шипковица, ги загубиле животите во силното невреме што синоќа го зафати тетовскиот регион, официјално информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, безживотните тела на Хашим Ф., А.М. и на детето на возраст...

Возило излета на автопатот Скопје – Тетово, шестмина повредени

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска точно напладне се случи на автопатот Скопје - Тетово. Според информациите, станува збор за автомобил со неготински регистарски таблички, кој излетал од патот, а го управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани. Во возилото во кое се превезувале шестмина патници, имало и две деца. Петмина од нив по укажаната лекарска помош во...

Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино - Кавадарци, кај местото Криво мовче, што се случила синоќа. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале три возила, од кои две патнички и едно товарно. Повредени се двајца патници во „голфот“ и исто толку во „опелот корса“. Увид на местото на несреќата извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај...

Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум луѓе загинале, а повеќемина се повредени во голема експлозија што денеска попладне се случила во фабрика за пиротехника и за огномети во близина на градот Бари, во Јужна Италија, пренесуваат светските агенции. Според извештаите, станува збор за фабриката „Брускела“ во градот Модуњо. Информациите што ги пренесуваат медиумите велат дека првична детонација предизвикала серија експлозии и пожар, кој се заканува...

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње. Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со огнено оружје. Во престрелката загинало едно лице, Џ.Р. (45) , а повредени се Ш.З. и Г.Р.,...

Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Тетово-село Пирок, а според неофицијалните информации две лица се загинати, но има и повредени. Од МВР ја потврдуваат сообраќајната несреќа, но детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Дваесет и тројца војници загинале откако ноќеска се урнал блок од руски воен објект во близина на сибирскиот град Омск, соопштиле службени лица, пренесува „Би-Би-Си“. По несреќата, 19 лица биле извлечени живи од урнатините, додека пет се водат како исчезнати. Во објектот во моментот на несреќата имало повеќе од 300 војници. Според медиумите, зградата чиј дел се урнал, минатата година била реновирана. Сомневањата...

Двегодишно дете загина во сообраќајка кај скопско Рашче

Двегодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во скопското село Рашче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 11.40 часот и во неа учествувале возило, марка „форд транзит“, што го управувал М.И. (57) и автомобил „опел корса“, зад чиј волан бил Б.С. (28) од селото Рашче. Двегодишното дете, кое било сопатник во...

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево - Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило...

Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Седуманесет цивили биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец, што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесуваат светските медиуми. Според информациите, бомбаш-самоубиец со возило влетал во конвој на трупи на НАТО, кој се движел по главниот пат кон аеродромот во Кабул, во близина на амбасадата на САД и допломатскиот кврат во градот. Официјални претставници на министерството за здравство на Авганистан...

516 лица се повредени во експлозија во забавен парк во Тајван

Вкупно 516 лица се повредени од експлозијата во забавен парк, кој се наоѓа во близината на Тајпеј. Во болница вкупно се задржани 410 лица, од кои 180 се на интензивна нега. До силна детонација дошло околу 20.30 часот по локално време, кога се одржувала голема забава, на која присуствувале околу 1.000 луѓе. Во еден момент, врз лицата кои се забавувале, било испуштено...

На забава во Детроит загинало едно, а повредени се девет лица

Едно лице загинало, а девет се повредени на забава која била организирана на кошаркарски терен во Детроит, на која присуствувале многу деца. Полицијата соопштила дека по пукањето една личност се наоѓа во критична состојба, другите се полесно повредени и дека се врши потрага по осомничените. Според наводите на помошникот на шефот на полицијата, Стив Долунт, на забавата присуствувале многу деца, но...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...