fbpx

Двегодишно дете загина во сообраќајка кај скопско Рашче

-

Двегодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во скопското село Рашче, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 11.40 часот и во неа учествувале возило, марка „форд транзит“, што го управувал М.И. (57) и автомобил „опел корса“, зад чиј волан бил Б.С. (28) од селото Рашче.

Двегодишното дете, кое било сопатник во „опелот“, починало на самото место, а во Ургентниот центар во Скопје биле пренесени Б.С. и друго петгодишно дете.

Според полицијата, по укажаната лекарска помош, возачот бил пуштен на домашно лекување, додека петгодишното дете било задржано на понатамошно лекување.

На местото бил извршен увид и се работи на утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...