Судар на возови во Унгарија, 19 лица повредени

Два воза се судриле во унгарскиот град Галгагута, 50 километри североисточно од Будимпешта, при што се повредени 19 луѓе, соопшти унгарската полиција.

Портпаролот на унгарската железница, Имре Кавалец, за националната новинска агенција „МТИ“ изјавил дека од 19 повредени, двајца се во тешка состојба.

Во возовите, кои во моментот на несреќта се движеле со брзина од 20 километри на саат, се наоѓале помеѓу 30 и 40 патници.

Во тек е истрага за утврдување на причината за несреќата.