fbpx
Таг: Пари

таг: Пари

Разбојничка двојка ограбила продавница на „Стокомак“

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле продавница на „Стокомак“, од која однеле околу 90.000 денари, информира полицијата. Разбојништвото се случило околу 21.20 часот, во продавицата на „Стокомак“ на булеварот Партизански одреди. Разбојниците, кои биле маскирани со фантомки на главите, на вработените им се заканиле со пиштол, го собрале пленот и побегнале од продавницата. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото.

Министерството за финансии врати во стопанството 25 милони евра

Министерството за финансии врз основа на доспеани за враќање државни хартии од вредност, денеска врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари (25 милиони евра). Вчера Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари.

Владата со ново задолжување

Ново ненајавено задолжување реализираше македонската Влада. Преку продажба на едногодишни обврзници, Владата позајми речиси 21 милион евра, објавува телевизија „Телма“. Ова задолжување не беше предвидено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерство за финансии. Позајмувањето од домашните кредитори се случува во момент кога треба на почне раздолжувањето на Владата, која треба да врати 45 милиони евра. Заклучно со...

Предвреме отплатен долгот кон ММФ

Република Македонија предвреме го отплати долгот за кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон ММФ, со што заштеди пет милиони евра, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со вчерашната трансакција во Вашингтон, во износ од 174 милиони долари, е исплатен целиот долг од оваа кредитна линија и тоа е направено поради порастот на...

Украдени 6.000 денари од црква во Штип

Ноќта меѓу саботата и неделата, непознат сторител провалил во црквата „Свети Климент“ во Штип и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата. Како што појаснуваат оттаму, крадецот влегол во црквата преку прозорец, што насилно го отворил, ги зел парите од касите поставени во објектот и побегнал од местото. Полицијата засега нема осомничено лице за кражбата и работи на негово откривање.

Битолчанец олеснет за 4.000 евра

Непознат сторител синоќа во Битола ограбил стан на улица Прилепска, сопственост на А.Ј.(37). Крадецот одзел 1.065 евра и 180.000 денари и побегнал во непознат правец. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Медицинска сестра осомничена за злоупотреба

Медицинска сестра, вработеа во Клиничката болница во Битола, е осомничена дека во компјутерската евиденција внесувала помала сума  пари од таа што им ја наплаќала на пациентите, а разликата ја присвоила за себе, информираат од МВР. СВР Битола против осомничената Ј.Х.П. (32) поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата, осомничената во ноември и во декември минатата година,...

Разбојници нападнале и ограбиле кочанец

Дваесет и шестгодишен кочанец вчера пријавил дека бил ограбен од двајца разбојници во угостителски објект во градот, инфомираат од полицијата. Според пријавата на Љ.Л., тој бил нападнат од две непознати лица кои му зеле 28.000 денари. Кочанската полиција, по преземените мерки, ги привела А.С. (21) и Б.З. (40), кои се осомничени за разбојништвото и по целосното документирање на случајот, против нив...

Ограбени домовите на двајца битолчани

Домовите на двајца битолчани вчера биле цел на крадци, кои однеле пари и златен накит, информираат од МВР. Во едниот случај, непознат сторител, преку незаклучена врата од гаража, влегол во куќата на Ј.В. (41), на улицата Коста Абрашевиќ, и украл 20.000 денари и разновиден златен накит, вреден 900.000 денари. Истиот ден, крадец провалил во стан на улицата Баталјон Стив Наумов, сопственост...

Украдени пари од хуманитарниот концерт за Иван Стојанов

Од картонската кутија, каде се собирале парите за лекување на 25-годишниот Иван Стојанов од Штип, биле украдени повеќе од 25.000 денари. Во саботата вечерта, Домот на млади, заедно со невладината организација „Сивитас“, организираше хуманитарен концерт со настап на тројца диџеи. Настанот беше наменски организиран за помош на Иван, кој веќе две години се обидува да собере пари за лекување во Кина....

Цигарите од јули ќе поскапат за три денари

Цигарите треба да поскапат за околу 3 денари по кутија од 1 јули 2015 година, според календарот за зголемување на акцизите. Цената на цигарите ќе се зголемува и наредните седум години. До 2016 година, ќе поскапуваат по 3 денари годишно, а секоја наредна година по околу 4 денари за една кутија. Значи, ако кутија цигари сега чини 60 денари, од 2016...

Пронајдена опрема за пресување и за пакување дрога

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал по претходно подготвен план за преземање активности во врска со сознание за недозволена трговија со дрога, изврши претреси на две локации на подрачјето на Гостивар и на Маврово. При претресите запленети се калапи и друга погодна опрема за пресување наркотична дрога, 434 куршуми со калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, како и...

Благајник од штипската болница осомничен за проневера на 23.000 евра

Благајник во штипската клиничка болница е осомничен за проневера на 1,4 милиони денари или околу 23.000 евра, јавуваат медиумите. Кривичната пријава до Основното јавно обивнителство Штип била поднесена од Упрвата за финансиска полиција, која по извршената контрола на годишниот извештај за 2014 година, констатирала дека осомничениот повеќепати проневерил и присвојувал пари наплатувани врз основа на полагање стручен испит, лекарски прегледи за возачки...

Разбојништво во куќа во населбата Ченто

Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово влегле во куќа во Скопје и од сопственикот и од постанарката одзеле пари, лаптоп и накит, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило во куќа на улицата Палмиро Тољати, во населбата Ченто. Маскираните разбојници со пиштол им се заканиле на сопственикот М.М.В. (44) и на Ч.С.К. (66) и од нив одзеле 100 евра, лаптоп, разновиден...

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.

Украден сеф од менувачница на улица Македонија

Вчеравечер, околу 22 часот, непознат сторител провалил во менувачница на улица Македонија во Скопје и украл сеф во кој, според пријавата, имало 12.000 евра, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за менувачницата „НН“, сопственост на скопјанецот Д.Н. (43). Полицијата нема осомничено лице за тешката кражба. Полицијата презема мерки и за откривање на сторителот на кражба во магацин на фирмата „АТА...

Најплатените музичари за 2014 година

Познато е дека светските музичари заработуваат голема сума пари, а ова се десетте најплатени во 2014 година   Тоби Кеит: 65 милиони долари Келвин Харис: 66 милиони долари Пол Мекартни: 71 милион долари „Уан дајрекшн“: 75 милиони долари Џастин Бибер: 80 милиони долари Брус Спрингстин: 81 милион долари Бон Џови: 82 милиони долари „Иглс“: 100 милиони долари Бијонсе: 115 милиони долари Д-р Дре: 620 милиони долари

Жител на беровско Митрашинци осомничен за тешка кражба

Беровската полиција до надлежното јавно обвинителство подела кривична против Д.Г. (27) од селото Митрашинци, осомничен дека извршил тешка кражба, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот во периодот од ноември 2013 до крајот на јули оваа година провалил во куќа во селото и украл 15.000 денари, 25.000 евра и електрична брусилка.

Во судир се разлетаа два милиони долари, граѓаните пресреќни

За неколку миниту, два милиони долари исчезнале во сообраќајна несреќа во Хонгконг. Имено, возилото што пренесувало пари се судрило со друго возило, а парите почнале да летаат на сите страни. Случајните менувачи веднаш почнале да ги полнат торбите. Rush for money after security van spills banknotes on Hong Kong road http://t.co/z1PW9XJlce via @euronews pic.twitter.com/9iSkJSgIeA — David Jones (@_dpaj) December 24, 2014 Hong Kong crash...

Со туѓа картичка се обидел да извади пари од банкомат

Беровец е осомничен за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем, откако со туѓа кредитна картичка се обидел да извади пари од банкомат. Според полициските информации, осомничениот Д.А. (25), кон средината на октомври годинава, додека седел во угостителски објект, зел туѓо палто, кое подоцна го вратил, но без паричникот, кој го задржал за себе. Со кредитна картичка, сопственост на...

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...