сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Пари | 411 резултати

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

јануари 14, 2015

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.

Украден сеф од менувачница на улица Македонија

јануари 2, 2015

Вчеравечер, околу 22 часот, непознат сторител провалил во менувачница на улица Македонија во Скопје и украл сеф во кој, според пријавата, имало 12.000 евра, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за менувачницата „НН“, сопственост на скопјанецот Д.Н. (43). Полицијата нема осомничено лице за тешката кражба. Полицијата презема мерки и за откривање на сторителот […]

Најплатените музичари за 2014 година

декември 31, 2014

Познато е дека светските музичари заработуваат голема сума пари, а ова се десетте најплатени во 2014 година   Тоби Кеит: 65 милиони долари Келвин Харис: 66 милиони долари Пол Мекартни: 71 милион долари „Уан дајрекшн“: 75 милиони долари Џастин Бибер: 80 милиони долари Брус Спрингстин: 81 милион долари Бон Џови: 82 милиони долари „Иглс“: 100 милиони […]

Жител на беровско Митрашинци осомничен за тешка кражба

декември 26, 2014

Беровската полиција до надлежното јавно обвинителство подела кривична против Д.Г. (27) од селото Митрашинци, осомничен дека извршил тешка кражба, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот во периодот од ноември 2013 до крајот на јули оваа година провалил во куќа во селото и украл 15.000 денари, 25.000 евра и електрична брусилка.

Во судир се разлетаа два милиони долари, граѓаните пресреќни

декември 25, 2014

За неколку миниту, два милиони долари исчезнале во сообраќајна несреќа во Хонгконг. Имено, возилото што пренесувало пари се судрило со друго возило, а парите почнале да летаат на сите страни. Случајните менувачи веднаш почнале да ги полнат торбите. Rush for money after security van spills banknotes on Hong Kong road http://t.co/z1PW9XJlce via @euronews pic.twitter.com/9iSkJSgIeA — […]

Со туѓа картичка се обидел да извади пари од банкомат

декември 23, 2014

Беровец е осомничен за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем, откако со туѓа кредитна картичка се обидел да извади пари од банкомат. Според полициските информации, осомничениот Д.А. (25), кон средината на октомври годинава, додека седел во угостителски објект, зел туѓо палто, кое подоцна го вратил, но без паричникот, кој го задржал за себе. […]

СДСМ бара веднаш да се прекине изградбата на административната зграда на „Водовод“

декември 22, 2014

СДСМ и коалициските партнери од опозицијата уште еднаш најостро се спротивставуваат на изградбата на луксузниот административен објект на ЈП „Водовод“, што ги чини граѓаните 11 милиони евра. Оттаму бараат веднаш да се прекине градбата, зградата да се продаде во сегашната состојба, а парите од продажбата да се искористат за нов, ефикасен и поскромен објект. – […]

Задолжителната задолжница се одлага за 1 април 2015 година

декември 18, 2014

Министерството за финансии подготви измени и дополнувања на Законот за задолжница, со што оваа мерка се одлага за 1 април 2015 година. „Во согласност со Законот за задолжница, од 1 јануари 2015 година треба да почне задолжително издавање задолжници на износ поголем од 300.000 денари. Со измените на Законот, се предлага издавање на кумулативна задолжница, за што е потребно […]

Извршителите годинава наплатиле 73 милиони евра

декември 13, 2014

Седум милијарди денари, или околу 73 милиони евра, наплатиле извршителите во изминатите девет месеци, рече претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески, на вчерашната презентација на годишниот извештај. Според него, оваа година се наплатени помалку средства во споредба со предходаната, 2013 година. Најголем дел од дожниците се физички лица (85.538 лица), потоа фирми (17.559) и  државни органи […]

Ограбена црква во тетовско Волковија

декември 4, 2014

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари. Крадецот во црквата влегол откако насилно ја отворил влезната врата. Полицијата презема мерки за откривање на […]

Со закани изнудувале пари од Данец

ноември 29, 2014

Против струмичаните Ѓ.Д. (42), сопственик на а АОИЛ „Феникс“- Струмица, и Р.С.,(40), претседател на НВО „Порта“-Струмица, полицијата поднесе поднесе кривична пријава за изнуда. Според МВР, во периодот од јули до септември 2013 година, со упатување сериозни закани по животот на фамилијата на дански државјанин, со престојувалиште во Струмица, осомничените повеќепати се обиделе да изнудат 50.000 евра.

Тепачка за барбика на „црн петок“

ноември 28, 2014

Купувачката манија во САД и во Велика Британија за „црн петок“ почна вчеравечер на Денот на благодарноста и продолжува денеска. Во Лос Анџелес две жени се степале во „Волмарт“ за кукла „барби“, за што бил повикан заменикот на шерифот. Во Манчестер, Англија, двајца мажи се скарале за телевизор во супермаркетот „Теско“. Засега нема повредени во големите турканици за […]

Скопјанка ограбена во центарот на градот

ноември 22, 2014

Дваесет и едногодишна скопјанка, вчера попладне, била ограбена од четворица разбојници во центарот на градот, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 13.30 часот, на улицата 27 Март, во непосредна близина на објектот „Тифани“, кога четири непознати лица ја нападнале девојката и, заканувајќи ѝ се со нож, ѝ одзеле 800 денари, два мобилни телефони, марка „сажем“ и „алкател“, лична […]

20 милиони евра за проекти во Источна Македонија

ноември 21, 2014

Фондот на „Балкан Медитеран“, наскоро ќе стане достапен за Македонија, со што се проширува можноста за учество во проектите за прекугранична соработка. Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гуговска, за напролет ја најави новата фаза од програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Речиси 20 милини евра ќе бидат достапни за општините, невладининиот сектор и […]

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

ноември 21, 2014

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле буџетот на Општината […]

Притворен скопјанец, ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки фотографии на „Инстаграм“

ноември 20, 2014

На 19-годишен скопјанец му бил одреден осумдневен притвор, откако на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил компромитирачки фотографии од својата поранешна девојка. Како што информираат од МВР, осомничениот А.Ш. на 13 ноември ѝ се заканил на својата поранешна девоја, дека доколку не му даде 5.000 денари, на „Инстаграм“ ќе ги објави фотографиите што ги снимил додека воделе љубов. Истиот […]

Бојко Борисов во Брисел по финасиска поддршка

ноември 19, 2014

Во потрага по финансиска поддршка, неколкумина министри од Владата на Бугарија престојуваат во Брисел. Како што соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов, пред денешната редовна седница на неговиот владин кабинет, пет-шест министри ќе направат сè што е можно за да го спасат она што не може да се спаси. – Брисел работи по правила, но ние […]

СДСМ: Дали зад големите пари во естрадата стои корупција со амин на власта?

ноември 18, 2014

Министерството за култура не даде одговор дали е донатор на наградите во вкупна вредност од дури 45.000 евра за „Скопски фестивал“! Оваа информација ја соопшти Министерството за внатрешни работи во својот првичен извештај од истрагата, по скандалот со местенките. Но, без разлика дали е тоа Министерството за култура или, како што тврди МРТВ, односно самата Македонска радиотелевизија, […]

Кривична пријава за претседателот на здружението „Пастрмајлијада 2013“

ноември 17, 2014

Дваесет и петгодишен штипјанец, претседател на здружението на граѓани „Пастрмајлијада 2013“, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Од полицијата информираат дека осомничениот А.Џ. делото за кое се товари го строил во периодот од септември 2013 до октомври 2014 година, кога без донесени одлуки на органите на здружението, незаконски потрошил околу 2,7 милиони […]

Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

ноември 17, 2014

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија дека не се потребни повеќе пари затоа […]

Страна 20 од 21