fbpx
Таг: Пари

таг: Пари

Крадец однел плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

Непознат сторител, во петокот минатата недела, провалил во стан во населбата Скопје Север и однел плен чија вредноста била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра. Според полицијата, од станот, сопственост на Д.Д. (45), крадецот однел 4.000 евра, златен накит, рачен часовник, фотоапарат и два клуча од автомобил. Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за откривање...

Црвен крст на Македонија ќе собира средства за настраданото население во Непал

Црвениот крст на Република Македонија ќе собира финансиски средства за настраданите од силниот земјотрес што го погоди Непал. „Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал, во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе...

Скопјанец олеснет за 100.000 денари

Непознато лице синоќа извршило тешка кражба со насилно отворање на влезната врата од стан на булеварот 8 Септември, сопственост на Г.В. (61). Крадецот одзел пари и златен накит и го напуштил местото, стекнувајќи противправна имотна корист од 100.000 денари.

„Гугл“ под закана за тужба од шест милијарди долари

Наскоро „Гугл“ ќе треба да се соочи со многу голема и многу скапа судска битка со казна од шест милијарди долари. Европскиот регулатор за монополи одлучил да поднесе формална тужба која „теоретски“ би можела да има огромни парични последици за компанијата. Регулаторите во Европа го набљудуваа „Гугл“ повеќе од четири години и, наводно, заклучиле дека компанијата го користела огромното влијание за да...

Разбојници ограбиле скопски таксист

Три непознати лица, синоќа околу 20.30 часот, извршиле разбојништво над такси-возач, од кого одзеле околу 22.000 денари и мобилен телефон. Според полициските информации, разбојниците од возачот побарале да ги однесе од населбата Карпош од улицата Вуковарска, а кога стигнале на крајната дестинација, едниот од нив со нож му се заканил на таксистот, додека другите двајца му ги зеле парите и...

Наместо во Општината, парите ги префрлил на сметка на здружението ЦИРА

З.С. (43) противправно присвоил 2.400.000 денари во корист на Центарот за институционален развој ЦИРА, наместо да ги исплати на сметка на Општина Штип. „Во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година, пријавениот во својство на одговорно лице во рамките на реализација на програмата „Форуми во заедницата“ во Општина Штип, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, противправно присвоил...

До 20 април Грција мора да подготви список на прифатливи реформи

До 20 април, Грција има рок од европските партнери да подготви список на прифатливи реформи во замена за последната транша што ќе биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според весникот, овој датум е единствената можност за кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на Атина пред средбата на Еврогрупата...

Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва. - Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот. Русија директно нема да...

Сите 43 бројки на Груевски од митингот во Штип

Трибините што ВМРО-ДПМНЕ ги одржува во градовите, премиерот ги користи да потсети на она што го направиле и на она што Владата во иднина планира да го направи. Говорите на лидерот на партијата се (пре)полни со бројки, кои често, поради тоа што се многу, тешко е и да се следат. Еве ги бројките (вкупно 43) што премиерот ги најави во Штип. 100 отсто обештетување...

Иако Кинезите ги избришаа, „Гугл“ уште ги чува страниците со сумите за автопатите

Старите страници на кинеската компанија „Синохидро“, која ги гради автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Свети Николе – Штип, сè уште можат да се видат во кеш-меморијата на пребарувачот „Гугл“, иако Кинезите пред извесно време ги тргнале оригиналните  страници  со сумите. На страницата на „Синохидро“ пишуваше дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид чинела 56 милиони евра, а на потпишувањето на договорот...

Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Двата спорни договори за кои се разговара во снимките што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се однесуваат на изградба на автопатите Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид. Во еден од разговорите, министерот Миле Јанакиески и непознат соговорник разговараат за прогнозата на Агенцијата за државни патишта за цената за изградба на автопатот. Соговорникот вели дека...

Одмаздата на Тамара: Забеганите* проекти добија нова единица мерка

.title span { font-size: 20px; vertical-align: super; } По текстот на „Мета“, дека парите за панорамското тркало, кое ќе чини 15,5 милиони евра, можат да спасат 516 Тамари, на социјалните мрежи секој трошок на Владата почна да се пресметува во пари за болни лица, луѓе без дом, амбулантни возила, студентски домови. Со вкупно 19,2 милиони евра кои ќе се потрошат за...

Кој му плати на Никола Груевски да оди во Брисел?

Речиси сите медиуми објавија неточна информација дека премиерот Никола Груевски на 19 и на 20 март бил во Брисел. Па и „Мета“. Фотографиите од престојот беа објавени и преземани од веб-страницата на Владата на Македонија. Сепак, во Брисел не беше премиерот Никола Груевски, туку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Пет дена портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, не ни одговара на прашањето во...

Хуманоста затаи, собрани само 600 евра за штипјанецот Сашо

Одвај нешто повеќе од 600 евра биле собрани во донаторската акција преку мобилниот оператор „Вип“ за транспорт на телото на штипјанецот Сашо Коцев. Триесет и тригодишниот Коцев беше прегазен од камион во областа Валенсија, Шпанија, каде престојувал кај својата сестра. За транспортот на телото се потребни 4.400 евра. Без поголем успех е и собирната акција што ја организира Општината Штип. Општината...

Грција има пари уште за две недели

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса, во која има доволно пари за да се исплатат плати и пензии до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“. Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за...

Разбојници нападнале и ограбиле мигрант од Сирија

Дваесет и шестгодишен Сириец, илегален мигрант, вчера вечер бил нападнат и ограбен од двајца разбојници на улица во Неготино. Според полициските информации, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека две непознати лица физички го нападнале М.А. (26) од Сирија, му одзеле 1.600 евра и побегнале од местото. Момчето со возило на итна медицинска помош било пренесено во медицинскиот центар во Неготино,...

Дејселблум: Без реформи, нема пари за Грција

Грција нема да добие дополнителна парична помош доколку не работи на спроведување на економските реформи, соопшти денеска холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогупата, Јерун Дејселблум. Официјална Атина минатата недела почна преговори со меѓународните кредитори во Брисел за да постигне нов договор за пакетот реформи, но и за деблокирање на средставта од финансиската помош. Ваквиот чекор беше оценет како обид...

Од битолска фирма украдени 700.000 денари и пакети цигари

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител успеал да провали во управната зграда на битолската фирма „Агромаркетинг“ и однел плен чија вредност била проценета на повеќе од еден милион денари, соопшти полицијата. Крадецот во зградата на „Агромаркетинг“, која се наоѓа на улицата Македонска дивизија во Битола, влегол сечејќи го лимениот покрив. Од фирмата, според полицијата, биле украдени околу 700.000 денари и...

Ограбена аптека на „Зегин“ во Дебар-маало

Двајца маскирани разбојници вчеравечер ограбиле аптека на „Зегин“ во Дебар-маало во центарот на Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот, во аптеката на „Зегин“ на улицата Дане Крапчев. Двете маскирани лица влегле во аптеката и заканувајќи ѝ се на вработената со нож, одзеле 13.000 денари од дневниот промет. Полицијата нема осомничени лица за разбојништвото и презема мерки за нивно...

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...