fbpx

Црвен крст на Македонија ќе собира средства за настраданото население во Непал

-

Црвениот крст на Република Македонија ќе собира финансиски средства за настраданите од силниот земјотрес што го погоди Непал.

„Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал, во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе биде помогнато да обезбеди помош и поддршка за 75.000 лица (15.000 семејства). Помошта е насочена кон интервентна потреба од здравствена и од социјална грижа, интервентна потреба за сместување, поврзување на раздвоени семејства, институционална подготвеност на националното друштво и на заедниците и за намалување на ризиците“, информираат од Црвен крст.

Заинтересираните ќе можат да се вклучат со обезбедување парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Непал, и со донирање 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 40.

Средствата можат да се донираат до 15 мај 2015 година и истите ќе бидат префрлени на Меѓународната федерација, за настраданото население во Непал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...