fbpx
Таг: ЦрвенКрст

таг: ЦрвенКрст

Црвениот крст на Република Македонија организира партнерски состанок

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го организира шестиот партнерски состанок за да се поттикне соработката со партнерските организации и да се обезбеди проектна поддршка за општествено-социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории од заедницата. Најавено е учество на претставници на деловни субјекти, институции и на дипломатски претставништва во Република Македонија. Состанокот ќе го отворат генералниот секретар на...

Денеска се одбележува Светскиот ден на прва помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст, денеска го одбележуваат Светскиот ден на првата помош во соработка и со поддршка од СВР Скопје. По тој повод ќе организираат показна вежба за правилно укажување прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ „Бисер“, ТЦ „Сити мол“, Порта „Македонија“ и спроти ТЦ „Мавровка“. Ќе бидат симулирани...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Црвен Крст: За 24 часа во Прешево пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 мигранти

Во последните 24 ласа во прифатниот центар во Прешево, на југот на Србија пристигнале меѓу 6.000 и 8.000 бегалци од Блискиот Исток, кои во Србија влегле од Македонија, изјави секретарот на Црвениот крст во Прешево, Ахмет Хаљими, додавајќи дека нивната регистрација траела цела ноќ и оти голем број бегалци и понатаму пристигаат од Македонија. Околу 2.000 бегалци во моментов се...

Вратите на Црвениот крст отворени за донација до 31 август

Општинската организација на Црвен крст Тетово, деновиве реализираше дистрибуција на донирана хуманитарна помош за оштетените семејства од подрачјата зафатени со невремето. За Голема и Мала Речица донирани се по 1.512 литри вода за пиење. За Шипковица донирана се 72 литри вода за пиење, пакети со храна, пакети со средства за хигиена и за дезинфекција, душеци, ќебиња, како и пакети со...

Екипи на Црвен крст вчера пружиле помош на повеќе од 200 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 427 мигранти, кои илегално влегле на македонска територија. Според МВР, во текот на вчерашниот ден, мобилните тимови на Црвен крст укажале прва помош на вкупно 204 лица, меѓу кои имало 30 трудници. Од интервенциите, 118 биле на железничката станица во Гевгелија,...

За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

Мобилните тимови на Црвениот крст, вчера до 17 часот, укажале прва помош на вкупно 142 лица, илегални мигранти, меѓу нив и 29 трудници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број интервенции, 79 биле на железничката станица во Гевгелија, а 63 интервенции екипите на Црвен крст имале на Табановце. Според МВР, во текот на изминатите 24 часа, биле издадени...

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР. Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои...

За 24 часа издадени потврди на 775 мигранти, на 91 укажана прва помош

Во текот на изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во Македонија, на вкупно 775 илегални мигранти кои влегле на територијата на земјата. Со тоа, како што соопштуваат од МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни годинава, досега биле издадени вкупно...

Речиси 3.000 потврди издадени на мигранти за време на продолжениот викенд

Во деновите од продолжениот викенд, односно од петокот до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало вкупо 2.924 потврди за искажана намера за барање азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле на територијата на државата. „Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, односно 2.437, потоа Ирак (169), Авганистан (113), Пакистан...

ЕУ даде 100.000 евра помош за справување со мигрантите

90.656 евра хуманитарни средства за да помогне во справувањето со миграцискиот притисок во Република Македонија, обезбеди Европската унија. Поддршката е наменета за Црвениот крст на Македонија да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци, преку Фондот за итно надминување катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје. Помошта е наменета,...

До денеска издадени вкупно 22.208 потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, врз основа на измените на Законот за азил и привремена заштита, издало 633 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле во земјава. Според МВР, од 19 јуни, кога стапија на сила измените на законот до денеска, издадени се потврди на вкупно 22.208 илегални мигранти,...

Обука за поголема безбедност на вода по британски стандарди

Црвен крст од Охрид, под водство на инструктори за безбедност на вода од „Операција Флориан“, од Велика Британија, во водите на Црн Дрим во Струга и во Охридско Езеро, спроведе обука за спасување и за извлекување давеници од брзи води. Центарот за безбедност на вода при Црвен крст од Охрид, со тоа се здоби со тренери и со спасители на...

13 мигранти побарале азил во Македонија

Триенаесет сириски државјани вчера побарале азил во Република Македонија, што е прв ваков случај откако на сила стапија измените на Законот за азил и привремена заштита, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, барањата за азил се однесуваат на 17 лица, од кои четири се деца. Сириските државјани што побарале азил биле на возраст од 19 до 57 години. Заклучно со 8 часот утринава, според...

Лекари ги прегледале мигрантите во прифатниот центар: Нема појава на инфективни болести

Тим на лекари-специјалисти по инфектологија и по дерматовенерологија извршиле прегледи на мигрантите, сместени во прифатниот центар за странци во Гази Баба и утврдиле дека нема појава на кожни и на инфективни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. „Во прифатниот центар е постојано присутна екипа од доктор и од медицинска сестра ангажирани од Црвениот крст, кои се снабдени со потребната медицинска...

Црвениот крст отвора продавница за социјално ранливите категории граѓани

Црвениот крст на Македонија денеска отвора продавница за облека во која граѓаните од социјално ранливите категории ќе можат да купуваат по симболични цени. Продавницата е дел од третата фаза на проектот, кој се реализира со поддршка на Алфа банка АД Скопје, а кој почна пред две години со поставување седум контејнери за донирање облека. Во рамките на оваа фаза, денеска,...

Црвен крст на Македонија ќе собира средства за настраданото население во Непал

Црвениот крст на Република Македонија ќе собира финансиски средства за настраданите од силниот земјотрес што го погоди Непал. „Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал, во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе...

Црвениот крст одбележува 70-годишен јубилеј

70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерција на друштвата на Црвениот крст и на Црвената полумесечина, денеска одбележува Црвениот крст на Република Македонија. Црвениот крст на Република Македонија ќе го одбележи јубилејот вечерва, со свечена академија, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов. Оваа година Црвениот крст ќе организира повеќе настани на национално и на локално...

Почнува исплатата на семејствата погодени од поплавите

На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини од денеска ќе им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат парична помош од 14.000 до 110.000 денари во зависност од големината на штетата. Претставници на Црвен крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини, направиле попис на она што е уништено и...

Црвен крст на Србија во хуманитарна акција за помош на поплавените во Македонија

Црвен крст на Србија отворил хуманитарен СМС-број за помош на загрозеното население во поплавите во Македонија, јавуваат српските медиуми. Од Канцеларијата за помош и обнова на поплавените подрачја на Србија упатиле апел до сите кои се во можност да се вклучат во акцијата и да помогнат на загрозеното население во Македонија. Покрај собирањето хуманитарна помош, кое го организираат Црвен крст на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...